Основно училиште „Рилиндија“ (официјално: Основно општинско училиште „Рилиндија“ - Селце; скратено: ООУ „Рилиндија“)На натписната табла на училиштето е наведено името Рилиндја. — централно основно училиште во тетовското село Селце, Општина Тетово.

Името на училиштето доаѓа од албанскиот збор „рилиндија“ што означува Ренесанса.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во селото Селце.

Историја

Во 2024 година бил поставен камен-темелник за изградба на нов училиштен објект, со што ќе се замени старата училишна зграда подигната во 1954 година.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Рилиндија“ - Вејце, подрачно училиште; и ПУ „Рилиндија“ - Лавце, подрачно училиште.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Тетово Категорија:Селце (Тетовско) Категорија:Основни училишта во Македонија Селце