Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Карбинци; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во штипското село Карбинци, Општина Карбинци. Училиштето се наоѓа надвор од самото село, заедно со сите останати административни градби.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во непосредна близина на реката Брегалница, покрај селото Карбинци. Сместено е веднаш до самата општинска зграда.

Историја

Од кажувања на мештаните се дознава дека почетоците на училиштето се од турско време. Повеќе пати го менувало своето име, но не се документирани тие промени. По стекнувањето на независноста, училиштето го добило денешното име.

Услови

Во 2010 година училиштето било комплетно реновирано со помош на УСАИД и Министерството за Образование на Македонија. Старата училишна зграда била преадаптирана за кабинетска настава и медиотека.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на турски и на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Страшо Пинџур“ - Караорман, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Страшо Пинџур“ - Таринци, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Страшо Пинџур“ - Долни Балван, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Страшо Пинџур“ - Крупиште, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Страшо Пинџур“ - Радање, подрачно училиште на македонски и на турски наставен јазик; ПУ „Страшо Пинџур“ - Калаузлија, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Страшо Пинџур“ - Прналија, подрачно училиште на турски наставен јазик; ПУ „Страшо Пинџур“ - Кучица, подрачно училиште на турски наставен јазик; и ПУ „Страшо Пинџур“ - Оџалија, подрачно училиште на турски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Основни училишта во Општина Карбинци Карбинци Категорија:Карбинци Категорија:Основни училишта во Македонија