Господница — археолошко наоѓалиште крај селото Тркање. Претставува населба од доцноантичко време. На јужниот раб на селото, во селските ниви, на простор од околу 300 × 300 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Откриени се и темели од повеќе објекти.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 182, ISBN 9789989101069
Поврзано Главовец — населба од неолитското време; Горна Црква — некропола од доцноантичкото време; Господница — населба од доцноантичкото време; Селиште — населба од доцноантичкото време; Страгата — некропола од доцноантичкото време; Трлиште — населба од доцноантичкото време; Тркање; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско;
Наводи
Категорија:Тркање (село)