мини|Ана-Марија Еклунд Ловиндер во 2011 година Моника Ен-Мари (Ана-Марија) Еклунд Ловиндер (Амел) (родена на во )Sveriges befolkning 1990: Eklund Lövinder, Monika Ann-Mari - шведска експертка за Интернет.

Таа е главна службеничка за Безбедност на Информација во IIS, Интернет фондација во Шведска. Таа исто така служи во одборите на организации поврзани со Интернет, вклучувајќи го Советот на европски национални регистри на домени од највисоко ниво (CENTR) и Шведскиот институт за форензичка информатика.

Еклунд Ловиндер е назначена за Доверлив претставник на заедницата од страна на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN). Таа е една од седумте лица кои го контролираат генерирањето на клучеви DNSSEC за DNS коренската зона.

Во 2013 година, Еклунд Ловиндер беше првата Швеѓанка која беше вклучена во Интернет халата на славните.INTERNET HALL of FAME INNOVATOR Anne-Marie Eklund Löwinder internethalloffame.org Интервјуирана во 2014 година, таа рече „Морам да признаам дека го сакам интернетот. Тоа е парче инженерска уметност на кое треба да му се восхитувате. И да бидам во можност да придонесам ова да стане побезбедно место, ме прави да се чувствувам добро“. Заедно со Леиф Јохансон и Питер Лотберг, таа исто така беше дел од фондацијата ТУ-стифтелсен, која управува со Netnod.

Еклунд Ловиндер е доктор на компјутерски науки на Универзитетот во Стокхолм.

Користена литература

Надворешни врски

Објави на блогот од Ана-Мари Еклунд-Ловиндер

Категорија:Луѓе од Стокхолм Категорија:Шведски научници Категорија:Живи луѓе Категорија:Доменски именски систем Категорија:Родени во 1957 година Категорија:Апсолвенти на Стокхолмскиот универзитет Категорија:Членови на Кралската шведска академија на инженерските науки