Joзефина Деланд (Стокхолм, 1 октомври 1814 — Париз, 8 март 1890) — шведска феминистка, писателка и наставничка по француски јазик. Таа го основала Друштво за пензионирани наставнички, каде што служела како претседател од нејзиното основање во 1855 до 1859 година.
Деланд била ќерка на балетскиот играч Луј Деланд и актерката Марија Деланд, израсната со влијание на францускиот јазик, кој подоцна го предавала во Стокхолм и за кој објавила книга во 1839 година. Таа била рана феминистка и пионер во борбата за правата на жените во Шведска, отворајќи јавна дебата во 1852 за недостигот на пензии за учителки и гувернанти, што довело до создавање на здружението Друштво за пензионирани наставнички во 1855 година, иако била исмевана поради нејзините ставови и однесување. Во 1859 заминала во Франција, а на нејзино место дошла Софија Албом; истата година била карикирана во театарска претстава од Аугуст Сефстром.
Категорија:Починати во 1890 година Категорија:Родени во 1814 година Категорија:Шведски феминистки