Жан Тигана (роден на 23 јуни 1955, во Бамако) — француски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Клупска кариера Својата професионална кариера, Тигана ја започнал во Тулон, клуб за кој одиграл 83 натпревари во периодот од 1975 до 1978 година.
Потоа играл три сезони во дресот на (1978-1981), пред да се пресели во во 1981 година. Со жирондиците, тој освоил три првенствени титули (1983-1984, 1984-1985, 1986-1987), два купа (1985-1986, 1986-1987) и еден Суперкуп на Франција (во 1986 година). Играјќи за Бордо, тој бил избран за Фудбалер на годината во Франција во 1984 година. Последните години од кариерата ги поминал во екипата на со која освоил уште две првенствени титули (1989-1990, 1990-1991).
Репрезентативна кариера Тигана дебитирал за сениорската репрезентација на Франција во 1980 година и, до неговиот последен настап во 1988 година, одиграл вкупно 52 натпревари за триколорите постигнувајќи 1 гол.
Со репрезентацијата учествувал на Светското првенство 1982 во Шпанија и Светското првенството 1986 во Мексико (каде го постигнал единствениот репрезентативен гол во успехот со 3-0 против Унгарија), стигајќи до полуфиналето во двата случаи. Исто така учествувал и на завршницата на Европското првенство 1984, кое Франција го освоила на домашен терен.
За време на својата репрезентативна кариера Тигана бил дел од таканаречениот "Магичен квадрат" (на француски:"carré magique"), четиричлениот среден ред на французите заедно со Мишел Платини, Луис Фернандес и Ален Жирес, една од најдобрите средни линии со четири играчи во историјата на фудбалот.
Хронологија на репрезентативните настапи
Тренерска кариера thumb|250px|left|Тигана водејќи го во 1998 година. Во 1993 година, Тигана се вратил во Олимпик Лион каде ја започнал својата тренерска кариера. Тој останал во клубот до 1995 година, водејќи го до второто место место во првенството во сезоната 1994-1995. Во 1995 година, тој ја презел тренерската функција во каде останал до 1999 година. Со клубот од Кнежевството освоил една првенствена титула во сезоната 1996-1997 и Суперкупот на Франција 1997. Исто така, следната година тој го водел клубот до полуфиналето на Лигата на шампионите каде биле елиминирани од италијанскиот .
Во 2000 година го имал првиот тренерски ангажман во странство кога бил назначен за менаџер на англискиот второлигаш . Во првата сезона, тој го одвел клубот до промоција од Првата дивизија во Премиер лигата како шампион. Следната сезона, што била прва за Фулам во најсилната фудбалска лига во Англија по повеќе од 30 години, тој го освоил 13. место во Премиер лигата и изборил пласман со клубот во Купот на УЕФА (преку Интертото купот). Во април 2003, тој бил отпуштен иако Фулам не бил во опасност од испаѓање.
Во октомври 2005 година, по повеќе од две години пауза, тој потпишал договор на две и пол години со турскиот клуб Бешикташ, со кои освоил два Купа на Турција (2005-2006 и 2006-2007) и Суперкупот на Турција 2006, пред да го напушти клубот во 2007 година со споразумно раскинат договор.
На 25 мај 2010 година, Тигана се вратил во Франција потпишувајќи за Бордо. Но престојот во клубот за него како тренер не бил пријатен како во времето кога бил играч затоа што постојано бил на граница да добие отказ заради слабите резултати во лигата и заради турбулентниот однос со навивачите кој биле разочарани од неговата работа во тимот кој само две години претходно бил шампион на Франција под водството на Лоран Блан. По поразот на домашен терен од Сошо со 0-4 и вербалните закани кои и биле упатени на неговата шеснаесетгодишна ќерка присутна на трибините, тој ја напуштил клупата на Бордо на 7 мај 2011 година.
На 18 декември 2011 година било објавено дека Тигана ќе биде новиот тренер на кинескиот клуб Шангај Шенхуа за сезоната 2012 година. На 15 април 2012 година, Тигана поднел оставка од функцијата поради слабата форма на Шангај Шенхуа, оставајќи го кинескиот клуб во последните пет екипи на табелата во домашната лига.
Титули
Играч Клупски Бордо Дивисион 1 : 3 1983-1984, 1984-1985, 1986-1987 Куп на Франција : 2 1985-1986, 1986-1987 Суперкуп на Франција : 1 1986
Олимпик Марсеј Дивисион 1 : 2 1989-1990, 1990-1991
Репрезентација Европско првенство : 1 1984
Поединечни Француски фудбалер на годината : 1 1984
Тренер Клупски Монако Дивисион 1 : 1 1996-1997 Суперкуп на Франција : 1 1997 Фулам Прва дивизија : 1 2000–2001 УЕФА Интертото куп : 1 2002
Бешикташ Куп на Турција : 2 2005-2006, 2006-2007 Суперкуп на Турција : 1 2006
Поединечни Тренер на годината според НСПФ: 1 1997
Наводи
Надворешни врски Жан Тигана на lequipe Жан Тигана на transfermarkt
Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Тренери на ФК Олимпик Лион Категорија:Тренери на ФК Монако Категорија:Тренери на ФК Фулам Категорија:Тренери на ФК Бешикташ Категорија:Тренери на ФК Бордо Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Француски фудбалски тренери Категорија:Родени во 1955 година