Основно училиште „Хасан Приштина“ (во минатото: Основно училиште „Цветан Димов“; официјално: Основно општинско училиште „Хасан Приштина“ - Чаир; скратено: ООУ „Хасан Приштина“) — централно основно училиште во скопската населба Чаир, Општина Чаир.

Денес, училиштето е именувано по истакнатиот албански политичар Хасан Приштина, додека во минатото било именувано по македонскиот комунист, синдикалец и учесник во НОБ, Цветан Димов.

Именување

Во 2012 година, Општина Чаир донела одлука за преименување на четири основни училишта, меѓу кои и училиштето „Цветан Димов“ во „Хасан Приштина“, но Управниот инспекторат се противел на одлуката поради непочитување на Бадентеровото мнозинство при носењето на одлуката во советот на општината. Сепак, во 2021 година, Министерството за образование и наука ги прифатило преименувањата. На 5 мај 2021 година, Уставниот суд не повел постапка за оценување на уставноста и законитоста на донесената одлука од 2012 година.

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на училиштето

Категорија:Основни училишта во Општина Чаир Категорија:Чаир Чаир Категорија:Основни училишта во Македонија