Сотир Голабовски (роден 30 октомври 1937 година во Струга - починал на 4 ноември 2014 година во Скопје), е македонски композитор, музиколог и музички педагог, од четвртата генерација македонски композитори.

Живопис Музичкото образование го завршил во Скопје, кога уште како средношколец пројавил интерес за компонирање. Тогаш ги создал и првите свои творби во кои, сосема разбирливо, интересот кон фолклорот е доминантен. Паралелно со ова виреела и љубопитноста за современите композициски струења што резултирало во создавање на оркестарската композиција „Дивретименто“ во кое прави спој на додекафонскиот начин на компонирање со присуство на македонски фолклорни ритми и звучен колорит. Во 1958 година се запишал на Музичката академија во Љубљана, на одделот за композиција, во класата на проф. Луцијан Марија Шкерјанц. На истиот факултет ги завршил и своите постдипломски студии. Потоа се вратил во Скопје и работел, најнапред, како музички соработник во Радио Скопје, а потоа, во еден подолг период – како професор на Педагошката академија во Скопје. Последните петнаесетина години од својот работен век ги изминал како професор и шеф на Катедрата за музикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во меѓувреме, во 1985 година докторирал кај познатиот византолог Владимир Мошин на тема „Музичките ракописи на охридската збирка и најстарите сочувани триоди на словенски јазик“. Пред тоа (во почетокот на седумдесеттите години) посетувал курсеви кај познатите претставници на европската авангарда (Штокхаузен, Холберг и др.) што оставило влијание врз неговиот композиторски ракопис од ова време. Во еден период бил дописен член на Македонската академија на науките и уметностите. Кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години, паралелно со компонирањето започнал неговиот интензивен интерес за проучување на македонската црковно-духовна традиција. Во рамките на тој дел од неговата активност, престојувал во повеќе европски центри каде што се усовршувал за задачите што се наоѓале пред македонската медиевистика. Поттикнат од потребата за еден поорганизиран и посистематски пристап кон оваа проблематика, како и кон проучувањето на современите музички текови во Македонија, кон средината на седумдесеттите години (1975) еден е од иницијаторите на манифестацијата „Струшка музичка есен“, којашто по неколкуте години во кои творештвото и музикологијата се испреплетувале во комплементарна творечка и научна презентација, од почетокот на осумдесеттие години (со почнување на Деновите на македонската музика во Скопје, 1978 година) – станало главно собиралиште на големите музиколошки имиња од земјава и од странство. На чело на Струшката музичка есен останал до средината на првата деценија од XXI век.

Творештво

Творештвото на Сотир Голабовски, во текот на петте интензивни творечки децении минувало низ повеќе фази на кои заеднички именител им е интересот за различните стилски композициско-технички определби. Неговиот опус го сочинуваат дела од солистичката, камерната, вокалната и оркестарската музика. Во почетокот е под влијание на неоромантизмот со присуство на тоналноста и чистата дијатоника. Подоцна интересот го свртил кон посовремените начини на компонирање, при што врската со традицијата ја барал главно во јасната архитектоника на делата. Крајот на шеесеттите, особено целите седумдесетти години се одликуваат со тенденција на разбивање на формата врз основа на користење на алеаториката и на пунктуализмот и оваа творечка фаза, како и кај поголем број други македонски композитори, се поклопува со дејствувањето на ансамблот за современа музика „Света Софија“, како и со рефлексиите што во ова време ги имаат некои авангардни европски музички центри (Дармштат, на пример, каде што посетувал летни курсеви во 1970 и 1972 година). Дека Голабовски ги следел „вибрациите“ на светската композиторска сцена сведочи и фактот што кон крајот на својот творечки век одново се вратил кон јасната формална градба и кон неокласичниот начин на музичко изразување. Сотир Голабовски, освен во музичкото творештво, исклучителен придонес дал и на полето на музикологијата. Бил автор на повеќе книги („Традиционална и експериментална македонска музика“, Скопје, 1984; „Историја на македонската музика“, Скопје, 1999), како и на капиталното издание „Македонски осмогласник 1 и 2“ (1993 и 1995 година). Во неговото музиколошко наследство, освен спомнатите трудови, спаѓаат и голем број статии за различни прашања сврзани за подалечното минато или актуелните состојби во Македонија, македонски композитори, 109 дешифрации на црковно-словенски напеви, напишани со невматска нотација од нивните автори или подоцнежни препишувачи и откриени од различни истражувачи.

Оркестарско Три варијации на народна тема – за камерен оркестар, (1961); Дивертименто – за оркестар, (1961); Анданте – за оркестар, (1962); Кроки – за флејта и оркестар, (1963); Ексцентрични структури – за камерен оркестар, (1969); Симфонија бр. 1 – за симфониски оркестар, (1969); Микропростори – за камерен оркестар, (1970); Простор 1 – за камерен оркестар, (1971); Панче Пешев – за симфониски оркестар, (1972); Простор 2 – за камерен оркестар, (1973); Простор 3 – за камерен оркестар, (1973); Простор 4 – за камерен оркестар, (1974); Простор 5 – за камерен оркестар, (1976); Суита бр. 1 – за мандолински оркестар, (1976); Концерт – за обоа и гудачки оркестар, (1976); Простор 6 – за камерен оркестар, (1977); Структура 9 – за камерен оркестар, (1977); Концерт – за виолончело и оркестар, (1979); Суита бр. 2 – за мандолински оркестар, (1979); Суита бр. 3 – за мандолински оркестар, (1981); Адаџо – за хорна и гудачки оркестар, (1981); Караорман – за симфониски оркестар, (1981); Суита бр. 4 – за мандолински оркестар, (1984); Македонски диптихон – за мандолински оркестар, (1986); Концерт – за пијано и гудачки оркестар, (1987);

Музичко-сценско „Интроспекција“ – балет (1960); „Приказна за штурецот и мравките“, опера за деца (1982);

Вокално-Инструментално „Словенско ехо“ – за солисти, хор и оркестар, (1965); Пролетна песна – за глас и оркестар, (1970);

Камерно Соната – за виолина и пијано, (1952); Три багатели – за хорна и пијано, (1959); Пет пиеси – за флејта и пијано, (1961); Крај езеро – за глас и пијано, (1962); Импресија – за виолина и пијано, (1964); Полином бр. 1 – за гудачки квартет, (1964); Ноќ на осаменици – за глас и пијано, (1969); Структура 5 – за гудачки квартет, (1971); Структура 6 – за клавирско трио, (1975); Адаџо – за контрабас и пијано, (1975); Полином х – за хорна и пијано, (1975); Структура 8 – за виолина, контрабас и пијано, (1976); Структура 7 – за клавирско трио, (1976); Суита бр. 1 – за виолина и пијано, (1979); Суита бр. 2 – за виолина и пијано, (1980); Суита бр. 3 – за виолина и пијано, (1981); Две грешки – за глас и пијано, (1982); Месец на очистување – за глас и пијано, (1985);

Солистичко Соната бр. 1 – за пијано; Две народни песни – за пијано, (1952); Арабеска – за пијано, (1959); Сонатина – за пијано, (1959); Лирска пиеса – за пијано, (1961); Ноктурно – за пијано, (1962); Три багатели – за пијано, (1962); Македонска игра – за пијано, (1963); Иновација – за соло флејта, (1963); Осамен момент – за пијано, (1964); Седум пиеси – за пијано, (1975); Композиција бр. 1 – за пијано, (1976); Суита бр. 1 – за пијано, (1980); Прелудиум и фуга – за пијано, (1982); Суита бр. 2 – за пијано, (1982); Соната бр. 2 – за пијано, (1985);

Хорско Зарамнети брегови – за женски хор, (1969); Мелодија бр. 1 – за мешан хор, (1969); Ракатка бр. 1 – за мешан хор, (1976); Ракатка бр. 2 – за мешан хор, (1981); Хумореска „Је бре Димо“ – за мешан хор, (1982); Епос 1 – за детски хор, (1983);

Музика за деца Зајаче – за камерен оркестар, (1960); Зимска вечер – за камерен оркестар, (1960); Оро на месечината – за камерен оркестар, (1960); Санкање – за камерен оркестар, (1960); Утро – за камерен оркестар, (1960); Куќа, (1984);

Дешифрации и хармонизации „Господи возвах – глас 1“; „Достојно ест – глас 1“; „Достојно ест – глас 5“; „Достојно ест – глас 5“; „Оца и сина – глас 5“; „Оца и сина – глас 8“; „Со свјатиму упокој – глас 8“; „Страданија спасителни – глас 6“; „Владику и свјашчено началника нашего – глас 7“; „В’сија благолепие воздржание – глас 4“; „Достојно ест – глас 2“; „Достојно ест – глас 5“; „Достојно ест – глас 7“; „Кришчи унглајл – глас 1“; „Химна за Св. Кирил и Методиј“;

Музичка публицистика (книги) „Традиционална и експериментална македонска музика“Македонска ревија, 1984 Музичките ракописи од Охридската збирка и најстарите сочувани македонски триоди на словенски јазик, (1985) Осмогласник – книга 1, Скопје, (1992) Осмогласник – книга 2, Скопје, (1994) Историја на македонската музика, Скопје, 1999, (1999)

Статии По путевима – вокално-инструментални циклус Властимира Николовског „Звук“, број 69, Сараево, 1966 Метроритмичките форми во македонскиот музички фолклор Реферат на Конгресот на Сојузот на фолклористите на Југославија во Дојран, 1966, Скопје, 1966, 1968 Ораториум „Клименту“ Властимира Николовског „Звук“, бр. 85-86, Сараево, 1968 Некои забелешки за мелодиската орнаментика во македонскиот музички мелос „Македонски фолклор“, бр.3-4, Скопје, 1969 Васил Хаџиманов – Ин мемориам „Македонски фолклор“, бр. 5-6, Скопје, 1970 Животот и делото на Јован Хармосин Охридски „Македонска музика“, бр. 2, Скопје, 1970 Музичкото минато и сегашност на Струга „Струга и струшко“ – монографија, Струга, 1970 Некои резултати од иследувањето на старата словенска музика Меѓународен симпозиум за старата словенска музика, Софија (соавтор: Д. Ортаков), 1971 Прилеп II прилепско низ историјата Прилеп (соавтор: Д. Ортаков), 1971 Потеклото на зурлата „Македонски фолклор“, бр.13, Скопје, 1974 Тековите на современата македонска музика „Културен живот“, бр. 10, Скопје, 1974 Архаични остатоци во сегашната црковно-музичка практика во струшкиот крај „Македонска музика“, бр. 1, Скопје, 1977 Музика и револуција О творчестве Властимира Николовского Советскаја музика, број 12, 1977 Од музичкото минато на Струга „Македонска музика“, бр.1, Скопје, 1977 Некои тонални врски меѓу музичкиот фолклор и црковното пеење во Македонија „Македонски фолклор“, бр. 21 – 22, Скопје, 1978 Охрид и охридско низ историјата (соавтор: Д. Ортаков), (1978) Некои одлики на средновековната музика во Македонија Зборник предавања одржани на XI Семинар за македонски јазик, литература и култура, Скопје, 1979 Осврт врз музичките текстови во Болоњскиот псалтир „Македонска музика“, бр. 2, Скопје, 1979 Периодизација на македонската духовна музика Весник на МПЦ, год XXI, бр. 5, 1979 Периодизација на македонската духовна музика како можност за согледување на целокупната музичка активност во Македонија„Македонски фолклор“, бр. 3, Скопје, 1979 Преродбенски елементи во македонската музика од XIX век Зборник на трудови од симпозиумот посветен на животот и делото на Марко Цепенков, Скопје, 1981 Тонални основи на македонската духовна музика од периодот IX-XV век „Македонска музика“, бр. З, Скопје, 1981 „Господи возвах“ – од Дионис Поповски „Македонска музика“, бр.З, Скопје, 1981 Д-р Александар Лимпн (портрет) „Културен живот“, бр. 4-5, Скопје, 1983 Драгослав Ортаков – Музичката уметност во Македонија (Осврт врз книгата) „Културен живот“, бр. 6, 1983 Животот и делото на Јован Кукузел „Македонска музика“, бр. 5, Скопје, 1983 Некои согледувања на византиско-словенската естетика како одраз на средновековните морални норми „Македонска музика“, бр. 4, Скопје, 1983 Владимир Мошин „Културен живот“, бр. 1-2, Скопје, 1984 Панче Пешев – револуционер и композитор „Културен живот“, бр. 7-8, Скопје, 1984 Тодор Скаловски „Културен живот“, бр. 9-10, Скопје, 1984 За музичката дејност на Кирил и Методиј „Културен живот“, бр. 9-10, Скопје, 1985 Кирилометодиевската и Климентовата традиција во македонската средновековна музика, во зборникот студии: „Климент Охридски“, (1986) Прилог кон дефинирањето на македонското народно црковно пеење „Македонска музика“ бр. 6, Скопје, 1986