Домус Поле I — археолошко наоѓалиште во битолското село Долно Оризари.

Претставува населба од среден век . Во полињата на 400 м источно од Долно Оризари се наоѓа археолошко наоѓалиште кое не претставува тумба, туку рамна населба на скоро незабележително возвишување. На површината доминира рецентна керамика, па може да се претпостави дека станува збор за село или комплекс објекти од Отоманско Царство. Скоро целата површинска керамика е обла и изменета од активности на вода. Големото количество на песок од воден нанос дополнително го потврдува овој факт, така што може да се работи за материјал кој долго време бил изложен на движење од вода.Гоце НАУМОВ, Слободан СТОЈКОСКИ, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, стр. 169, Зборник на трудови 2015 г., Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола.

Поврзано Герамидница (Долно Оризари) —населба од бронзено и доцноантичко време; Св. Петка — црква од средниот век; Север I — населба од неолит и бакарно време; Север II — населба од неолит и бакарно време; Домус Поле I — населба од средниот век; Сакојци — населба od неолитско време; Долно Оризари Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Долно Оризари (Битолско)