Полигон — археолошко наоѓалиште во битолското село Поешево. Ноаѓалиштето претставува населба од неолитско време. На околу 800m југоисточно од селото е присутна уште една помала тумба која е делумно оштетена од каналот за наводнување, далноводите и нивите.

Оваа тумба се наоѓа на 800 м источно од „Тумба-Исток 2“. Заради густата вегетација таа може да се забележи само од патот Поешево-Битола. Врз неа е изградена барака која делумно го има оштетено наоѓалиштето, како и каналот за наводнување што ја пресекува јужната периферија на тумбата.

На површината се забележуваат фрагменти од рецентна и античка керамика, а некои наоди можат да се окарактиризираат и како средновековни.Гоце НАУМОВ, Слободан СТОЈКОСКИ, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, стр. 169, Зборник на трудови 2015 г., Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола.

Поврзано Тумба в Село — населба од бронзено време; Бачилиште — неопределно, непознат период; Исток 1 — населба од неолитско време; Исток 2 — населба од неолитско време; Полигон — населба од неолитско време; Поешево; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Поешево