Ноне Неделковска (родена како Нона, на во ) — македонска пејачка.
Животопис Ноне ја започнала својата музичка кариера со настап на детскиот музички фестивал Златно славејче во 1995 со песната „Каубои смели“.
Таа учествувала во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освоила второто место. После ова, таа потпишала договор со Премиер Продукција.
Следувале настапи на музички фестивали во Македонија како што се Охрид Фест 2005 и Макфест 2005. Таа исто така настапила на меѓународните фестивали „Будва 2006“ (Црна Гора) и „Стари Град“ - Нови Пазар (Србија), каде освоила Гран При.
Во 2007 настапила на „Будва 2007“ (Црна Гора) и „Еуропоп-Зеница 2007“ (Босна и Херцеговина).
Дискографија
Албуми
Јас или таа (2006) Исто како порано (2007) Три во едно (2008)
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски пејачи