„А бре браќа Кукушани“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор кон крајот од преродбениот период или во периодот меѓу двете светски војни. Песната е посветена на Кукушани, кои што авторот ги прашува зошто тагуваат, за тие да објаснат дека стигнал глас за убиството на Гоце Делчев во село Баница, Сер, Егејска Македонија. Песната има ајдутски карактер.

Одлики Песната е испеана од Васка Илиева, во 4/4 такт, во а-мол.на YouTube

Текст - А бре браќа Кукушани, а бре браќа Кукушани, што сте толку нажалени, нажалени натажени? Што сте толку нажалени, со очите насолзени?

- Как' да не сме нажалени, как' да не сме расплакани? Што се стори чудно чудо, чудно чудо во Баница.

Сношти гласои пристигнаа, сношти гласои пристигнаа, Гоце Делчев го убија, го убија во Баница.

Затоа сме нажалени, затоа сме расплакани, Гоце Делчев ни загина за правдини македонски!

Наводи

Надворешни врски А бре браќа Кукушани (текст и музика) на pesna.org

Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни Категорија:Песни за Гоце Делчев