Логи или Сатурн XLVI – месечина на Сатурн. Нејзиното откритие било објавено од страна на Скот Шепард, Дејвид Џуит, Јан Клена и Брајан Марсден на 26 јуни 2006 година, од набљудувањата направени помеѓу јануари и април 2006 година.

Пречникот на Логи е околу 6 километри и кружи околу Сатурн на просечно растојание од 23.142,0 Мм за 1.314,364 дена, со наклон од 166,5 ° кон еклиптиката (165,3 ° кон екваторот на Сатурн), во повратна насока и со ексцентричност од 0,1390. Има вртежен период од околу 6,9 ± 0,1 часа.

Името го добил во април 2007 година, по Логи, огнен џин од нордиската митологија.

Наводи

Institute for Astronomy Saturn Satellite Data IAUC 8727: Satellites of Saturn June 30, 2006 (discovery) MPEC 2006-M45: Eight New Satellites of Saturn June 26, 2006 (discovery and ephemeris) IAUC 8826: Satellites of Jupiter and Saturn April 5, 2007 (naming the moon)

Категорија:Нордиска група Категорија:Сатурнови месечини Категорија:Неправилни месечини Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Астрономски тела откриени во 2006 година Категорија:Месечини со повратна орбита