Бања Губер — лековита бања во Република Српска. Се наоѓа во Општина Сребреница, источно од седиштето на општината.
За бањата Бањата се наоѓа во околината на градот Сребреница, на 560 метри надморска височина. Во нејзино опкружување се наоѓаат листопадни и четинарски шуми, како и патека за шетање. Во бањата се наоѓаат и 5 лековити извори, излетиштето Губер, кое е омилено излетиште на Сребреничани, како и на гостите во бањата. Називот губер-вода настанал по утврдувањето дека изворите на овој простор постигнуваат лекување на кожни болести, особено на лепра.
Историјата на бањата Векови наназад оваа место е познато по своите лековити извори, а најдобро сведочи податокот дека на овој простор уште Старите Римјани имале бања, додека Австроунгарците за време на окупацијата на Босна и Херцеговина детално ги истражувале овие лековити извори, за кои се испоставило дека се извонредно квалитетни, па водата ја флаширале и продавале во Европа.Упознај Српску — Бања Губер — http://www.upoznajsrpsku.com Во втората половина на 17 век, познат турски патописец Евлија Челебија пишувал за минералната и лековита вода на просторот на денешната бања Губер. Народот кој тогаш живеел на овие простори не верувал во лековитоста на оваа вода и сметал дека таа предизвикува некои од болестите. На почетокот на 19 век за лековитите води на овој простор, го свртел вниманието и доктор Ханс Дулер.
Лековити врела Во бањата постојат голем број на извори, меѓутоа поради слабото вложување во научни истражувања, само дел од нив се истражени. Се наведува дека водата од овие извори лекува кожни болести, вид, анемија и други болести. Повеќето бањски извори добиле и народно име, а најпознат меѓу изворите е Црни губер. Некои од попознати извори се:
Црн (велики) губер (Црн (голем) губер)
На подрачето на Црно губер извршени се голем број на научни анализи, додека прва подетална анализа на оваа подраче извршена ево 1894 година, кога тој е прогласен за едно од најдобри природни врела во Европа. Кон крајот на осамдесетите години на XX век извезени се голем број на шишиња од оваа врело. Водата се извезувала во Европа, Африка и Америка.
Мал губер
Изворот Мал губер (Мали губер) содржи големи количини на калциум и магнезиум. Водата е бистра, без боја и е со киселкаст вкус. Во неа се наоѓа најмногу железо, како и арсен.
Синусна вода
Изворот народски наречен Синусна вода ги смалува болките во синусите во пределот на челото.
Очна вода
Југоисточно од црниот Губер, се наоѓа Очна вода. Овој извор е со мал капацитет, но содржи повеќе минерални состојки од сите други извори на оваа подрачје. Очна вода помага кај заболувања на очите и слузокожата, како и коњуктивитис.
Извор Лепотица
Изворот народски е наречен Лепотица поради тоа што содржи одреден број наминерали кои ги намалуваат кожните проблеми.
Бања Губер денес
Иако во бањата се наоѓаат голем број на врела, минерални води, како и недопрена природа, изградбата на центарот за бањско-климатско лекување е во процес на мирување. Со градба на овој комплекс се започнало уште во 2010 година, а планирано било да биде завршен до 2011 година. Бањата во меѓувреме е приватизирана, но поради спорови околу фирми, не е продолжена изградбата на лекувалиштата и хотелските објекти.Banja Guber — nada bolesnicima i Srebreničanima- http://www.dw.com
Наводи
Надворешни врски Општина Сребреница — званична страна Презентација о Бањи Губер
Категорија:Бањи во Република Српска Категорија:Општина Сребреница Категорија:Туризам во Република Српска