Црвеница — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Ветуница. Претставува населба од доцна антика. На 800 м јужно од селото, на зарамнето плато над Крива Река, во нивата на Д. Бошковски се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 193, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Гробишта - Грамади — некропола од доцна антика; Црвеница — некропола од доцна антика; Ветуница; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Ветуница