Купишта — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Костур.

Претставува топилница од среден век.

На 2 км јужно од маалото Варошани, на левиот брег на реката Тораница се зачувани многу остатоци од топена железна руда, што индицира многугодишна рударска експлоатација. Откриени се неколку топилници. На една од нив во 1978 година се извршени ископувања.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 195, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Купишта — топилница од средниот век; Рањева Нива — топилница од средниот век; Цепен Камен — топилница од средниот век; Костур; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи