Грета Гарбо (18 септември 1905 — 15 април 1990) — шведска актерка од периодот на холивудскиот нем филм, како и за време на неговата златна доба.
Се сметала за една од најголемите и најтаинствени филмски ѕвезди што некогаш се појавиле на филмскиот екран. Гарбо трипати била номинирана за наградата Оскар за најдобра филмска глумица и добила Почесен оскар во 1955 година "за нејзините сјајни и незаборавни изведби на сцена" и е рангирана на петтото место на списокот на најголеми глумици во историјата од страна на Американскиот филмски институт. Според Гинисовата книга на рекорди, Гарбо била прогласена за "најубавата жена што некогаш живеела на земјата".Статија на Style.com
Детство и младост мини|313x313px|Споменик на зградата каде што се родила Грета Гарбо во Седермалм, Стокхолм. Грета Ловиса Густафсон е родена во Седермалм, Стокхолм, Шведска. Таа била третото и најмалото дете на Ана Ловиса (родена Карлсон, 1872-1944), домаќинка која подоцна работела во фабрика за џем и Карл Алфред Густафсон (1871-1920), работник. Гарбо имала постар брат, Свен Алфред (1898-1967) и постара сестра, Алва Марија (1903-1926).
Нејзините родители се запознале во Стокхолм, а татко ѝ живеел во Фринарид. Тој потоа се преселил во Стокхолм и работел на разни работни места - чистач на улица, продавач, фабрички работник и месарски помошник. Се оженил со Ана која во Стокхолм се преселила од Хегзби."Karl Alfred Gustafsson" . Retrieved 7 December 2010. Семејството било сиромашно и живееле во трисобен стан во полошиот дел на градот.D'Amico, Silvio (1962). Enciclopedia dello spettacolo (италијански). Rome: Casa editrice Le Maschere. p. 901. Гарбо подоцна се сеќава:Гарбо била срамежливо и повлечено дете. Го мразела училиштето и повеќе сакала да си игра сама. Сепак, била креативна, се интересирала за театарот уште на рана возрастBiery, Ruth (April 1928a). "The Story of Greta Garbo As Told By her to Ruth Biery, Chapter I" . Photoplay. Then I found a theater. I must have been six or seven... и сонувала да стане глумица.Biery 1928a. When I wasn't thinking, wasn't wondering what it was all about, this living; I was dreaming. Dreaming how I could become a player.Biery, Ruth (April 1928a). "The Story of Greta Garbo As Told By her to Ruth Biery, Chapter I" . Photoplay. На 13 години, Гарбо го завршила училиштето и како повеќето Швеѓанки на тоа време кои потекнувале од работничката класа, не се запишала во гимназија. Подоцна рекла дека поради тоа имала комплекс на пониска вредност.
Зимата 1919, во Стокхолм имало епидемија на шпанска треска и таткото на Гарбо се разболел. Тој почнал да отсуствува од работа и најпосле добил отказ. Гарбо седела дома и се грижела за него, носејќи го во болница на неделни третмани. Тој починал во 1920 кога таа имала 14 години.Bainbridge, John (17 January 1955b). "The Great Garbo: Part Two: Greta's Haunted Path to Stardom". Life. мини|172x172пкс|Првата главна улога на Грета Гарбо во шведскиот филм Сагата за Геста Берлинг (1924) со Ларс Хансон
Кариера
Почетоците (1920–1924) Гарбо најпрвин работела како во берберница а потоа во продавница каде со време станала модел за шапки за каталозите а од 1920 започнала да снима реклами за женска гардероба. Премиерата на нејзината прва реклама била на 12 декември 1920, а потоа следеле и други."Herrskapet Stockholm ute på inköp (1920)" The Swedish Film Database, Swedish Film Institute. Retrieved 3 April 2012. Оттука започнала филмската кариера на Гарбо. Во 1922, таа го привлекла вниманието на режисерот Ерик Артур Печлер кој ѝ дал улога во неговата кратка комедија Скитникот Петар десно|мини|220x220px|Портрет на Грета Гарбо, 1925Од 1922 до 1924 година учела во глумечката школа на Кралскиот драмски театар во Стокхолм. Во1924 таа била ангажирана од страна на истакнатиот фински режисер Мориц Стилер да ја игра главна улога во неговиот класичен филм Сагата за Геста Берлинг, драматизација на познатиот роман на добитничката на Нобелова награда Селма Лагерлеф. Во филмот глумела заедно со Ларс Хансон, многу познат шведски глумец. Стилер станал нејзин ментор, ја обучувал како филмска глумица и управувал со сите аспекти на нејзината кариера.. Во 1925 година,добила улога во германскиот филм Улица без радост во режија на Георг Вилхелм Пабст, во кој глумела и Аста Нилсен. мини|173x173пкс|Гарбо и Стилер Виктор Сестром, почитуван шведски режисер во МГМ, бил добар пријател на Стилер и го охрабрувал Луис Б. Мајер, кој во тоа време бил заменик претседател и генерален директор на филмската компанија, да се сретне со него на патување во Берлин. Мајер, секогаш во потрага по нов талент, се заинтересирал за Стилер. Тој му дал понуда, но Стилер побарал Гарбо да биде дел од секој договор, убеден дека ќе биде предност за неговата кариера. Мајер отпрвин одбил, но при приватното гледање на филмот Сагата за Геста Берлинг, веднаш се заинтересирал за неа. Во една друга верзија, наводно Мајер претходно го видел филмот на Стилер и негов прв интерес била Грета Гарбо а не договорот што требал да го потпише со режисеротСпоред тврдењата на ќерка му, тој наводно рекол: "I'll take her without him. I'll take her with him. Number one is the girl.". Ѕвезда на немиот филм (1925–1929) мини|179x179px|Гарбо во Телото и ѓаволот(1926) со Џон Гилберт Во 1925, Гарбо на 20 годишна возраст, не зборувајќи англиски, заминала за САД, заедно со Стилер. Стигнале во Њујорк во јули 1925, по десетдневно патување со брод каде останале 6 месеци без никакви вести од страна на филмската компанија МГМ. Тие одлучиле сами да заминат за Лос Анџелес и уште 5 недели немале никаков контакт со студиото и таа веќе почнала сериозно да размислува да се врати во ШведскаSands, Frederick. The Divine Garbo, Grosset & Dunlap (1979) pp. 69–73. Некој шведски пријател ѝ помогнал да оствари контакт со Ирвинг Талберг, продуцент на МГМ, кој се согласил да ѝ овозможи на Гарбо пробно снимање.
Иако таа очекувала да работи со Стилер на нејзиниот прв филм, ангажирана била во Поток (1926), адаптација на романот на Виченте Бласко Ибањез, во режија на Монта Бел. Филмот бил хит а изведбата на Гарбо била поздравена од страна на критиката."The Torrent Review". Variety. 1 January 1926. Retrieved 20 July 2010. Greta Garbo, making her American debut as a screen star, has everything with looks, acting ability and personality. When one is a Scandinavian and can put over a Latin characterization with sufficient power to make it most convincing, need there be any more said regarding her ability? She makes The Torrent worthwhile. десно|мини|213x213px|Гарбо со Џон Гилберт во Жена за афери (1928). По успехот МГМ ја ангажирале во слична улога во филмот Примамничка (1926), заснован на друг роман на Ибањез, во кој глумела со Антонио Морено. Стилер,кој воедно бил и режисер на филмот, ја убедил да ја прифати улогата што таа не ја сакала. Потоа таа снимила уште 8 неми филмови,од кои 3 со популарниот глумец Џон Гилберт и сите биле хитови. Гарбо станала ѕвезда добивајќи пофалби од критиката Заработката остварена со нејзиниот трет филм со Гилберт, Жена за афери (1928) ја ставила на врвот на Метро ѕвездите за 1928-1929, пред дотогаш најпознатата глумица на немите филмови Лилијан Гиш.
Влијанието на глумечката игра на Гарбо и присуството на екранот набрзо ја утврдиле нејзината репутација како една од најголемите глумици во Холивуд. Филмскиот историчар и критичар Дејвид Денби тврди дека Гарбо вовела суптилност во изразување на уметноста на немиот филм оставајќи силен впечаток кај публиката.
Покрај популарноста како ѕвезда на немиот филм,Crafton 1999, pp. 495–96, "In December 1929, according to the volume of Photoplay fan mail … Garbo remained the leading female star." студиото страхувало дека нејзиниот шведски акцент ќе штети на работата и го одложувале снимањето на звучен филм колку што е можно подолго. Студиото МГМ било последно холивудско студио кое се префрлило на звук. Последниот нем филм на Гарбо а воедно и на МГМ, бил филмот Бакнеж (1929).
Кариерата во ерата на звучниот филм (1930–1939) врска=Податотека:Greta_Garbo_in_a_publicity_image_for_%22Anna_Christie%22.jpg|мини|242x242пкс|Гарбо за првпат зборува на филм во Ана Кристи (1930). мини|190x190пкс|Грета Гарбо и Роберт Тејлор во филмот Дамата со камелии (1936) Кон крајот на 1929, МГМ ја ангажирал Гарбо во Ана Кристи (1930), филмска адаптација на пиесата на Јуџин О‘Нил од 1922. Тоа била нејзината прва звучна улога. Филмската премиера била на 21 февруари 1930 и филмот доживеал голем успех. Гарбо ја добила првата номинација за Оскар за најдобра глумица. За номинацијата придонела и нејзината улога во филмот Романса (1930). Подоцна, со различна глумечка екипа и режисер, Гарбо снимила уште една верзија на Ана Кристи, на германски јазик, чија премиера била во декември 1930. Овој филм на Гарбо ѝ овозможил успешен преод од немите филмови кон градењето кариера во звучната кинематографија. Во 1931, глумела заедно со Роберт Монтгамери во филмот Инспирација (1931), а нејзината популарност истата година била искористена да се поттикне кариерата на тогаш релативно непознатиот Кларк Гејбл во филмот Сузан Ленокс (Нејзиниот пад и подем). Во 1930-31. Грета Гарбо била прогласена за најпопуларна женска глумица во Соединетите Држави. мини|246x246пкс|Грета Гарбо во филмот Ана Каренина Во 1931, таа глуми германска шпионка од Првата светска војна во филмот Мата Хари, наспроти Рамон Наваро. Следната година глумела руска балерина во филмот Гранд Хотел (1932) заедно со Џон Баримор и Џоан Крафорд. Таа година филмот добил Оскар за најдобар филм. И двата филма на Гарбо имале голема заработувачка а Гарбо станала „најголемата машина за правење пари која некогаш се појавила на екранот“Greta Garbo, 84, Screen Icon Who Fled Her Stardom, Dies". The New York Times. 16 April 1990.. Откако се појавила во филмот Како што ме посакуваш (1932), првиот од трите филма со кои таа глумела со Мелвин Даглас, договорот на Гарбо со МГМ истекол и таа се вратила во Шведска.
По речиси една година преговори, Гарбо се согласила да го обнови договорот со МГМ под услов да глуми во Кралицата Кристина а нејзината плата се зголемила на 300.000 долари по филм. Иако МГМ не сакал да го направи филмот, попуштиле на инсистирање на Гарбо. За главната машка улога, МГМ ги предлагале Чарлс Бојер или Лоренс Оливие, но Гарбо ги отфрлила и двајцата, претпочитувајќи го нејзиниот поранешен партнер и љубовник, Џон Гилберт. На студиото не му се допаѓала идејата главната улога да му ја даде на Гилберт чија мала популарност можела да му наштети на профитот на филмот, но ја исполниле желбата на Гарбо. Во декември 1933, филмот доживеал голем успех и заработка и контроверза околу цензурата бидејќи Гарбо преправена во маж бакнува жена. десно|мини|195x195пкс|Гарбо и Чарлс Бојер во филмот Освојување (1937) Во 1935, Дејвид О. Селзник сакал да ја ангажира во улога во филмот Темна победа, но Гарбо одбрала да глуми во Ана Каренина (1935), според романот на Толстој. Филмот бил меѓународен успех а во САД поминал подобро од очекувањата на МГМ. Сепак заработката била значително намалена поради големиот хонорар на Гарбо. Во 1936, Гарбо глумела во романтичната драма Дамата со камелии (1936) заедно со Роберт Тејлор и Лајонел Баримор. Филмот бил голем успех а таа за него ја освоила наградата за најдобра глумица од кружокот за филмска критика на Њујорк и по вторпат била номинирана за наградата Оскар. мини|264x264пкс|Гарбо и Мелвин Даглас во сцена од филмот Ниночка (1939). Следната улога на Гарбо била во филмот Освојување (1937) во кој глумела заедно со Чарлс Бојер во романтична драматизација на приказната за Наполеон и Марија Валевска. Тој бил најголемиот и најрекламираниот филм на МГМ за 1937, но по прикажувањето забележал загуба од повеќе од милион долари со што станал најголемото промашување на студиото таа деценија. Популарноста на Гарбо била значително намалена и кога наскоро ѝ завршил договорот таа накратко се вратила во Шведска.