Пијан славеј — музички албум на македонската група „Фолтин“, објавен во 2015 година.

Список на песни Албумот содржи шест песни:Фолтин, Пијан славеј, НУ Центар за култура, Битола, 2015. Ела си в кревет Пијан славеј Облаче Ми падна газо Слободната љубов Купидон

Податоци за албумот Албумот е снимен во НУ Центар за култура - Битола, во јануари 2015 година. Снимател на албумот бил Ален Хаџи-Стефанов, соработник-продуцент бил Mark Purpose, кој направил и едитинг и предмикс, а албумот го миксирал Костадин Камчев во Mozart Studio, во Клифтон, Њу Џерси. Автор на обвивката на албумот е Мирослав Масин, а обвивката е испечатена во Графо Пром, во Битола. Автори на музиката и текстовите на песните се членовите на „Фолтин“, кои биле и продуценти на албумот. На албумот настапуваат следниве музичари:Фолтин, Пијан славеј, НУ Центар за култура, Битола, 2015. Бранислав Николов - вокал Пеце Николовски - кларинет и усна хармоника Пеце Трајковски-Брада - дирки Гоце Јовановски - бас-гитара Славчо Јовев - тапани Марјан Станиќ - ударалки Васко Атанасовски - алт-саксофон

Наводи

Категорија:Фолтин Категорија:Албуми на Фолтин Категорија:Изданија на НУ Центар за култура - Битола Категорија:Македонски дела од 2015 година Категорија:Појавено во 2015 година во Македонија