Килена, исто така позната како — месечина на Јупитер. Откриена е од група на астрономи од Хавајскиот универзитет предводен од Скот Шепард во 2003 година, добивајќи ја привремената ознака .IAUC 8116: Satellites of Jupiter and Saturn април 2003 (откривање)MPEC 2003-G09: S/2003 J 13 април 2003 (откривање и ефемерида)
Килена има пречник од околу 2 километри и кружи околу Јупитер на просечно растојание од (23,4 милиони км) 23 396 000 км за 731,099 дена (2,00 Земјини години), со наклон од 140,149 ° до еклиптиката (139,543 ° до екваторот на Јупитер), во спротивновртечка насока и со ексцентричност од 0,4116.
Таа била именувана во март 2005 година, по Килена, најад (изворна нимфа) или ореад (планинска нимфа) поврзано со Планината Килена, Грција.IAUC 8502: Satellites of Jupiter март 2005 (именување на месечината) Таа била ќерка на Зевс (Јупитер).
Припаѓа на Пасифаината група, неправилни спротивновртечки месечини што кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,1 Гм и со наклони од 144,5° до 158,3°.
Наводи
Категорија:Астрономски тела откриени во 2003 година Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Неправилни месечини Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Пасифаина група Категорија:Месечини со повратна орбита