Каубој Бибоп (јап. カウボーイビバップ [Каубоои Бибапу], англ. Cowboy Bebop) — јапонско научнофантастично аниме, телевизиска серија создадена од Sunrise, а претставена од продукциската екипа водена од главниот творец и режисер Шиничироо Уатанабе, сценаристката Кеико Нобумото, ликовен дизајн од Тошихиро Кавамото, механички дизајн (на вселенските бродови и сл.) на Кимитоши Јамане, и композиторката Јоко Кано (формирајќи го бендот Seatbelts). Дваесет и шесте епизоди (нагласени како „сесии“ поради проминетниот џез карактер на музиката во серијата) на серијата се сместени во 2071 година, и ги следат животите на мала екипа Главоловци (bounty hunters) кои патуваат во нивниот вселенски брод наречен Бибоп (Bebop), инспирирано од посебниот бибоп џез жанр, кој се карактеририза со брзо темпо и темпераментни мелодии. Иако е позната по тоа што влече од многу различни теми и тропи, Cowboy Bebop е најмногу инспирирана од научната фантастика, вестерн и ноар филмовите, додека филозофската тематика ги вклучува егзистенцијалната здодевност, осаменоста и потешкотиите на човечкото Битие да избега од неговото минато.

Серијалот премиерно бил прикажан во Јапонија на ТВ Токио од 3 април до 26 јуни 1998 година, емитувајќи само дванаесет епизоди (во нерегуларен редослед) и една специјално создадена како отчет кон контроверзната содржина на серијата која е генерално наменета за повозрасните. Целосните дваесет и шест епизоди од серијата подоцна биле емитувани на приватниот јапонски канал Wowow од 24 октомври до 24 април 1999 година. Анимето било адаптирано во две манга серијали кои биле објавени во списанието „Asuka Fantasy DX“ на компанијата Кадокауа Шотен. Подоцна бил објавен и филм (хронолошки сместен некаде помеѓу 10-та и 15-та епизода од серијата) во киносалите ширум светот.

Серијата подоцна била синхронизирана на англиски јазик, чија што продукција добила пофалби од манга и аниме заедницата, заради честиот тренд на англиските (и европски) гласовни преводи на јапонските аниме серијали да се супстандардни, а во 2001 година, КАУБОЈ БИБОП станало првото аниме што се емитувало на Adult Swim во САД.

Серијата имала критичен и комерцијален успех како на јапонските, така и на меѓународните пазари (пред сè во САД), освоила неколку престижни аниме и научно фантастични награди, и добила едногласни пофалби за стилот, ликовите, приказната, гласовната глума, анимацијата и музиката. И години по објавувањето, критичарите ја поздравуваат КАУБОЈ БИБОП како ремек-дело и често ја наведуваат како една од најдобрите, ако не и најдобра, аниме серија на сите времиња. Посочено е дека нејзиното влијание помогнало на новиот бран на аниме кое ги привлекло западните гледачи во раните 2000-ти, а и обично се предлага на луѓето кои никогаш не гледале аниме, да ја погледнат КАУБОЈ БИБОП како одличен пример.

Приказна Во 2071 година, приближно педесет години откако хаваријата на еден од хиперпросторните портали поставени низ сончевиот Систем ја прави Земјата речиси непогодна за живот, човештвото ги колонизира повеќето карпести планети и месечини на Сончевиот Систем. При услови на зголемената стапка на криминал, полицијата на Сончевиот Систем (ISSP) воспоставува легален систем на доверители, во кој регистрирани главололовци (исто така наречени „каубојци“) ги бараат криминалците и ѝ ги носат на полицијата за одредена сума пари. Протагонистите на серијата се главоловците кои живеат на вселенскиот брод Бибоп. Оригиналниот екипаж е Спајк Спигел, поранешен атентатор на криминалниот „Синдикат Црвен Змеј“, и Џет Блек, поранешен офицер на ISPP. Подоцна им се придружува и Феј Валентајн, измамничка со непознато минато и целосна амнезија; Едвард Вонг, ексцентрична генијална девојка вешта во хакирање; и Ајн, генетски создадено Корги куче со висока човечка интелигенција. Во текот на серијата, екипата се вклучува во катастрофални незгоди, честопати оставајќи ги без пари, додека се соочува со старите лица и настани од нивното минато: тука спаѓаат причините на Џет за напуштање на ISSP, и мистериозното минатото на Феј која е повредена во несреќен случај и е криогено замрзната за да ѝ го спасат животот. 375п|мини|центар|Џет, Спајк, Џил, Едвард и Ајн (од лево кон десно).

Главната приказната е фокусирана на Спајк и неговото смртоносно соперништво со Виш'с (од анг. Vicious = суров), амбициозен криминалец поврзан со „Синдикатот Црвен Змеј“. Спајк и Виш'с најпрво се партнери и пријатели, но кога Спајк започнува афера со девојката на Виш'с, Џулија, и решава да го напушти Синдикатот со неа, Виш'с се обидува да го елиминира Спајк уценувајќи ја Џулија да го убие Спајк. Џулија исчезнува за да се заштити, а Спајк извршува свој псевдоцид за да избега од Синдикатот. Во сегашноста на серијата, по неколку години Џулија излегува од своето засолниште и се обединува со Спајк, со намера да го завршат нивниот план. Виш'с, откако организира пуч на Синдикатот, преземајќи го, испраќа убијци по парот. Џулија умира, оставајќи го Спајк сам. Спајк го напушта бродот Бибоп откако се збогува со Феј и Џет, кои првично се против неговата одлука, додека Едвард, бидејќи го пронаоѓа својот татко, и решава да остане со него, а Ајн смета дека треба да ја следи, заедно прекинуваат да се дел од екипажот неколку епизоди пред финалето.

Откако се инфилтрира во Синдикатот, тој го наоѓа Виш'с на најгорниот кат од зградата и се соочува со него откако ги убива преостанатите членови на „Црвениот змеј“. Последната битка завршува на начин што Спајк го убива Виш'с, но здобивајќи се со сериозни поврди во конфронтацијата. Серијата завршува со одјавната сцена фокусирајќи се на Спајк како се спушта по главните скалила на зградата, со изгрејсонцето во позадина, за на крајот да падне на земи.

Крајот е често сметан од обожавателите како двосмислен и амбигуозен, со надеж дека можеби Спајк преживува, иако, со неговата смрт, поетски, тој можеби повторно се соединува со Џулија.

Жанр и тематика Уатанабе создал специјална ознака за серијата за да ја промовира за време на нејзиното оригинално претставување, нарекувајќи ја „жанр сама по себе“. Фразата била вметната пред и по рекламните паузи за време на нејзиниот јапонски и американски пренос. Подоцна, Уатанабе овој пристап го нарекол „претерување“. Серијата е хибрид од повеќе жанрови, вклучително вестерн и мека фикција. Еден критичар ја опишува како „вселенска опера која се среќава со филм ноар, кој се среќава со комедија, која се среќава со сајберпанк“. Исто така е опишана и како „вселенски вестерн“.

Музичкиот стил е нагласен во многу од насловите на епизодите. Повеќе филозофски теми се искажуваат преку ликовите, вклучувајќи го егзистенцијализмот, здодевноста, осаменоста и влијанието на минатото врз протагонистите. Серијата, исто така, кокретно наведува и дава пастиш на повеќе филмови, вклучувајќи ги делата на Џон Ву и Брус Ли, филмот ПОЛНОЌНА ТРКА, 2001: ВСЕЛЕНСКА ОДИСЕЈА на Кјубрик и ВОНЗЕМЈАНИН (ОСМИОТ ПАТНИК) на Камерон. Серијата исто така вклучува обемни наводи и елементи од научната фантастика, кои имаат силни сличности со сајберпанк фантастиката на Вилијам Гибсон. Неколку планети и вселенски станици во серијата се создадени според Земските цивлизации. Улиците на небесните тела како што е Ганимед личат на модерен пристаништен град, додека на Марс има трговски центри, тематски паркови, казина и градови. Универзумот на КАУБОЈ БИБОП е исполнет со видео плеери и хиперпросторни портали, еко-политика и панаѓури, вселенски бродови и Индијанци шамани. Оваа слика е опишана како „една третина азиска дијаспора и две третини див запад“.

Ликови Ликовите се содадени од Уатанабе и ликовниот дизајнер Тошихиро Кауамото. Уатанабе го замислил секој лик како една целина на неговата личност, или како комплетната спротивност. Секој лик, од главната екипа до споредните ликови, се дизајнирани да бидат одметници што не можат да се вклопат во општеството. Кауамото ги дизајнирал ликовите на начин што тие лесно би се разликувале едни од други. Сите главни улоги се одликуваат со длабоко чувство на осаменост или оттуѓување од нивната судбина и минато. Од перспективата на Брајан Камп и Џули Дејвис, тие наликуваат на главните ликови од аниме серијата ЛУПИН III, но само површно, земајќи го предвид вознемирувачкото минато и комплексноста на личностите од БИБОП.

Шоуто се фокусира на ликот на Спајк Спигел, а целокупната тема на серијата е минатото на Спајк и неговото кармичко влијание врз него. Спајк е претставен како некој што ги губи очекувањата за неговата иднината, ја губи жената што ја сака, па затоа е во постојана летаргична состојба. Вештачкото око на Спајк е вклучено бидејќи Уатанабе сакал сите неговите ликови да имаат недостатоци. Првично, тој сакал Спајк да има превез на окото, но продуцентите ставиле вето на предлогот.

Џет е прикажан како некој што ја губи самодовербата во својот поранешен живот и станува циничен во однос на состојбата во општеството. Спајк и Џет се создадени да бидат спротивни, со тоа што Спајк е слаб и носи одело, додека Џет е набиен и мускулест, и носи обична облека. Облеката, која има темни нијанси, исто така ги рефлектира нивните мисли. Феј Валентајн, Едвард Вонг и Ајн се приклучуваат на екипата во подоцнежните епизоди. Нивниот ликовен дизајн е наменет да се спротивставува на оној на Спајк. Феј е опишана од нејзината гласовна глумица, првично како „грда“ жена, а нејзините одлики се нејзината живост, сензуалност и хуманост. За да се нагласи нејзината ситуација, таа е споредувана со Покер Алис, позната покер натпреварувачка од Дивиот Запад.

Едвард и Ајн се единствените главни ликови кои што имаат реални модели од вистински луѓе. Едвард го црпи своето однесување засновано на лудориите на Јоко Кано, забележани од Уатанабе кога првпат ја запознал. Иако е генерално портретирана како безгрижна и ексцентрична, Едвард го добива чувството на осаменост откако ја напушта нејзиниот татко. Кауамото првично го засновал дизајнот на Ајн врз Корги миленичето на негов пријател, но подоцна посвоил свое Корги кое го користел како модел за движењето на анимираниот лик.

Производство десно|мини|250x250пкс|Шиничироо Уатанабе во 2009 г. КАУБОЈ БИБОП е развиена од студиото за анимација Sunrise и создадена од Хаџиме Јатате, добро познат псевдоним на колективните придонеси на анимациската екипа на Санрајз. Водач на креативниот тим на серијата бил режисерот Шиничиро Уатанабе, најзначаен во тоа време за режирањето на Macross Plus и Mobile Suit Gundam 0083: Stardust Memory. Други водечки членови на креативниот тим на Санрајз биле сценаристката Кеико Нобумото, ликовниот дизајнер Тошихиро Кауамото, механички дизајн и уметност на Кимитоши Јамане, композиторката Јоко Кано и продуцентите Масахико Минами и Јошијуки Такеи. Повеќето од нив претходно работеле заедно, и самостојно дале придонеси и во други популарни аниме серии. Нобумото го напишала сценариото за МАКРОС ПЛУС, Кауамото ги дизајнирала ликовите во ГАНДАМ, а Кано ја компонирала музиката за МАКРОС ПЛУС и Vision of Escaflowne. Јамане сè уште не соработувал со Уатанабе, но неговите заслуги во аниме проекти биле Bubblegum Crisis и ЕСКАФЛОНЕ. Минами се приклучил на проектот бидејќи сакал да направи нешто поразлично од неговата претходната работа со меха аниме жанрот.

Замисла КАУБОЈ БИБОП е првиот проект на Уатанабе како соло режисер, бидејќи тој делувал како ко-режисер во неговите претходни проекти. Неговиот оригинален концепт бил за создавање на филм, па за време на продукцијата ја третирал секоја епизода како пократок филм."From the Small Screen to the Big Screen". Неговата главна инспирација за БИБОП била анимето ЛУПИН III, криминалистичка аниме серија која се фокусира на експлоатациите на истоимениот насловен лик од серијата. Кога ја развивал приказната на серијата, Уатанабе најпрво започнал со развивање на ликовите. Тој објаснил:

„Првата слика што ми се појави беше Спајк и оттаму се обидов да изградам приказна околу него, обидувајќи се да го направам кул“.