мини|десно|350п|Кали, божица на времето, создавањето, уништувањето и моќта.

Кали (, ), исто така позната како () или () — хинду-божица. Кали е началник на Махавидија, група од десет тантрички божици, од кои секоја формира различен аспект на мајката божица Парвати.

Најраниот изглед на Кали е уништувач на злите сили. Таа е најмоќната форма на Шакти и божица на една од четирите поткатегории на Куламрга, категорија на тантрички саивизам. Таа го уништува злото со цел да ги заштити невините. Со текот на времето, на Кали ја обожувале разни движења и тантрички секти, како Божествената мајка, мајката на универзумот, Ади Шакти или Ади Парашакти.Hawley (1982), p. 152.Harding (1993), p. xxv.McDaniel (2004), p. 5. Сектите Шакта Хинду и Тантрик дополнително ја обожувале како крајна реалност или Браман.McDaniel (2004), p. 104. На неа се гледа и како божествена заштитнца и онаа што дарува мокша, или ослободување. Кали често е портретирана како стои или танцува на нејзиниот сопруг, хиндуистичкиот бог Шива, кој лежи смирено и се поклонува под неа. Кали се обожува од хиндусите низ Индија и Непал.McDermott (2003), p. 4.

Етимологија е женствената форма на „време“ или „исполнетост на времето“ со машката именка „kāla“, а по проширување, времето како „менување на аспект на природата што ги оживува нештата во живот или смрт“. Нејзините други епитети се („црната ноќ“) и („црната“).Coburn (1984), pp. 111–112.

Хомонимот (одредено време) се разликува од kāla (црно), но тие се поврзуваат преку популарната етимологија. Поврзаноста се гледа во пасус од „Махабхарата“, на кој е претставена женска фигура која ги носи духовите на убиените воини и животни. Таа се вика Кали Мата („темната мајка“) и исто така kālī , што, како што забележал Кобурн, тука може да се прочита или како соодветно име или како опис „темносината“. Kālī е исто така женствена форма на Kāla (епитет на Шива), а со тоа и партнерка на Шива.McDermott (2001), p. 175

Потекло Хју Урбан забележал дека иако зборот појавува уште во Атарва Веда, првата негова употреба како соодветно име е во Катака Грија Сутра (19,7).Urban (2003). Кали се појавува во Мундака Упанишад (дел 1, поглавје 2, стих 4) не експлицитно како божица, туку како темносиниот јазик меѓу седумте јазици на Агни, хиндуистичкиот бог на огнот.

Според Дејвид Кинсли, во традицијата на Хинду, Кали се споменува како посебна божица околу 600 година од новата ера, а овие текстови „обично ја ставаат на периферијата на хинду-општеството или на бојното поле“.Kinsley (1997), p. 70. Таа често се смета за Шакти на Шива и е тесно поврзана со него во разни Пурани.

Нејзиниот најпознат изглед е на бојното поле е во религиозниот текст VI век - Деви Махатјам. Божеството во првото поглавје на „Деви Махатјам“ е Махакали, која се појавува од телото на заспаниот Вишну како божицата Јога Нидра за да го разбуди со цел да ги заштити Брама и светот од двајцата демони, Мадху и Каитаба. Кога Вишну се разбудил, започнал војна против двајцата демони. По долгата битка со лордот Вишну, кога двајцата демони биле непоразени, Махакали добила форма на Махамаја за да ги маѓепса двата асури. Кога Мадху и Каитаба биле маѓепсани од Махакали, Вишну ги убил.Kinsley (1997), p. 70.

Во подоцнежните поглавја, може да се најде приказната за двајца демони кои биле уништени од Кали. Чанда и Мунда ја нападнале божицата Дурга. Дурга одговoрила со таков гнев што предизвикало нејзиното лице да стане темно и резултирало во појавата на Кали од челото на Дурга. Изгледот на Кали е темносин, затемнет со потонати очи и носи сари од тигарска кожа и венец од човечки глави. Таа веднаш ги победила двата демони. Подоцна во истата битка, демонот Рактабија бил непоразен поради неговата способност да се репродуцира од секоја капка крв што ќе ја допре земјата. Безброј клонови на Рактабија се појавиле на бојното поле. Кали на крајот го победила така што ја исцицала на неговата крв пред да допре до земјата и ги изела бројните клонови. Кинсли пишувал дека Кали претставува „персонифициран гнев на Дурга, нејзина отелотворена бес“.Kinsley (1997), p. 70.

Другите приказни за потеклото ги вклучуваат Парвати и Шива. Парвати е типично претставена како доброќудна и пријателска божица. „Линга Пурана“ го опишува Шива како бара од Парвати да го победи демонот Дарука, кој добил благодет што дозволувал само жена да може да го убие. Парвати се споила со телото на Шива, повторно се појавила како Кали за да ги победи Дарука и неговите војски. Нејзината желба за крв излегла од контрола, смирувајќи се само по интервенцијата на Шива. „Вамана Пурана“ има поинаква верзија за односот на Кали со Парвати. Кога Шива и се обратил на Парвати како Кали, „темносината“, таа многу се навредила. Парвати се променила карактерно за да го изгуби својот темен тен и станала Гаури, златната. Нејзината темна обвивка настанува Каусики, која разбеснета, ја создава Кали Kinsley (1997), p. 70. Во врска со односот помеѓу Кали, Парвати и Шива, Кинсли пишувал дека:Во однос на Шива, се чини дека таа [Кали] игра спротивна улога од улогата на Парвати. Парвати го смирува Шива, спротивставувајќи се на неговите антисоцијални или деструктивни склоности; го доведува во сферата на домаќинството и со своите меки погледи го поттикнува да ги умери деструктивните аспекти на неговиот тандава танц. Кали е „сопруга“ на Шива, која го провоцира и охрабрува го во неговите луди, асоцијални, нарушувачки навики. Никогаш не е Кали која го скротува Шива, туку Шива е тој што мора да ја смири Кали.Kinsley (1997), p. 70.

Легенди Кали се појавува во Смртта на Махабхарата (10.8.64). Таа се вика (буквално, „темносина ноќ“) и им се појавува на војниците Пандава во сон, додека конечно не се појавила среде борбите за време на нападот од синот на Дрона, Ашваттама.

Убиец на Рактабија мини|450п|Слика направена во Непал со ликот на божицата Амбика водејќи ги осумте Матрикас во битката против демонот Рактабија, Фолио од Деви Махатмија - (горниот ред, од лево) Матрикас - Нарасимхи, Вишнави, Кумари, Махешвари, Брахми. Долниот ред, одлево, Варахи, Аиндри, Чамунда или Кали, пиејќи ја крвта на демонот, Амбика. Десно, демони кои произлегуваат од крвта на Рактабија. Во најпознатата легенда за Кали, Амбика и нејзините помошници, Матрикасите, го раниле демонот Рактабија, на разни начини и со разновидно оружје во обид да го уништат. Наскоро откриле дека ја влошиле ситуацијата, бидејќи со секоја капка крв што се прокапала од Рактабија, тој репродуцирал клон од себе. Бојното поле станало сè попополнето со неговите дупликати.Kinsley (1997), pp. 118–119. Амбика ја повикала Кали да се бори против демоните. „Деви Махатјам“ опишува:Од површината на челото (на Амбика), жестока со намуртено лице, одеднаш се издаде Кали со страшно лице, вооружено со меч и јамка. Носејќи ја чудната хатванга (врв на черепот), украсена со венци од черепи, облечена во кожа на тигар, многу застрашувачка заради нејзиното изнемоштено месо, со отворена уста, застрашувачка со јазикот изваден надвор, длабоки црвеникави очи, полнејќи го небото со нејзините рикања, напаѓајќи насилно и колејќи ги големите асури во таа војска, таа ги проголта оние орди на непријателите на девите.Jagadiswarananda (1953).Кали ги консумирала Рактабија и неговите клонови и танцувала врз труповите на убиените. Во верзијата на Деви Махатмија на оваа приказна, Кали е опишана и како Матрика и како Шакти или моќ на Деви. Даден и е епитетот (Чамунда), т.е. убиец на демоните Чанда и Мунда.Wangu (2003), p. 72. Чамунда многу често се поистоветува со Кали и многу личи на нејзиниот изглед и во нејзините навики.Kinsley (1997) p. 241 Footnotes. Во Тантрик Кали Кула Шактизам, Кали е врвна божица и таа е извор на сите божици. Во Јогин Тантра, Кали ги убива Коласура и Горасура.

Иконографија и форми Кали е портретирана претежно во две форми: популарна четирирачно вооружена форма и десетрачно вооружена форма Махакали. Во обете нејзини форми, таа е опишана како црна, но најчесто е прикажана како сина во популарната индиска уметност. Нејзините очи се опишани како црвени од интоксикација и во апсолутен бес. Нејзината коса е прикажана разбушавена, од устата понекогаш и излегуваат мали заби, а нејзиниот јазик се лизга. Таа често е прикажана како носи здолниште изработено од човечки раце и венец од човечки глави. Таа исто така е придружена со змии и чакал додека стои на мирниот и поклонет Шива, обично десната нога напред за да го симболизира попопуларниот пат Дакшинамарга или десна рака, наспроти понеславната и трансгресивна Вамамарга или левата рака.Rawson (1973).

Во десет вооружената форма на Махакали, таа е претставена како сјае како син камен. Таа има десет лица, десет стапала и три очи за секоја глава. Има украсени на сите екстремитети. Нема поврзаност со Шива.Sankaranarayanan (2001), p 127.

Калика Пурана ја опишува Кали како млада со благотворно темно лице, цврсто тело, како совршено убава, јава лав, четирирачно вооружена, држи меч и сини лотоси, косата и е пуштена.White (2000), p. 466.

И покрај нејзината навидум страшна форма, Кали Ма често се смета за најљубезна и најљубовна од сите хинду-божици, бидејќи нејзините приврзаници ја сметаат за Мајка на целиот универзум. И поради нејзината страшна форма, таа исто така често се смета за одличен заштитник. 

Кога Шри Рамакришна еднаш прашал еден приврзаник зошто некој претпочита да ја обожава Мајката пред него, овој приврзаник реторички одговори: „Махараџ, кога ќе бидат во неволја, твоите приврзаници трчаат кон тебе. Но, каде бегаш ти кога си во неволја?“.Saradananda1(952), p. 624.Hati (1985), pp. 17–18.

Популарна форма мини|200п|лево|Тамилски приказ на Кали. Класичните прикази на Кали имаат неколку одлики:

Најчестите четирирачно вооружени иконографски слики на Кали ја прикажуваат секоја рака која носи различна хадга (меч во форма на полумесечина или џиновски срп), тришул (триаголник), отсечена глава и сад или черепна чаша (капала) собирајќи крв на отсечена глава.

Две од овие раце (обично лево) држат меч и отсечена глава. Мечот го означува божественото знаење, а човечката глава го означува човечкото его кое мора да биде убиено од божественото знаење за да се постигне мокша. Другите две раце (обично десно) се наоѓаат во абхаја (бестрашен) и варада (благословувајќи) мудри, што значи дека нејзините иницирани приврзаници (или некој што ја обожава со вистинско срце) ќе бидат спасени, бидејќи таа ќе ги води тука и во другиот свет.White (2000), p. 477.

Таа има ланче што се состои од човечки глави, со различен број на глави, од 108 (поволен број во хиндуизмот и број на пребројливи зрнца на јапа мала или бројаница за повторување на мантри) или 51, што претставува Варнамала или Ланчето на буквите на санскрит азбуката, Деванагари. Хиндусите веруваат дека санскритскиот јазик е јазик на динамика и секоја од овие букви претставува форма на енергија или форма на Кали. Затоа, таа генерално се смета како мајка на јазикот, и сите мантри.White (2000), p. 475.

Таа често е прикажана гола, што го симболизира нејзиното надминување на покривот на Маја, бидејќи е чисто блажено и свесно битие (ниргуна) и е многу над Пракрити. Таа е прикажана исто темна колку што е и Браман во нејзината врвна неманифестирана состојба. Таа нема трајни квалитети - таа ќе продолжи да постои дури и кога универзумот ќе заврши. Затоа се верува дека концептите на боја, светлина, добро, лошо не се однесуваат на неа.White (2000), pp. 463–488.

Махакали