Гази Баба — населба во состав на Општина Гази Баба во Скопје. Населбата се наоѓа североисточно од средиштето на градот.

Име Името на Гази Баба доаѓа од тогаш познатиот османлиски поет Ашик Челеби наречен „Гази Баба“ кој живеел во периодот на XVI век и, меѓу останатите места, служел како кадија во Скопје.

Население Според пописот од 2002 година, населбата има 15.182 жители, од кои:

Народност број Македонци 13.254 Албанци 523 Турци 131 Роми 246 Власи 67 Срби 657 Бошњаци 83 останати 222

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Гази Баба има 38.426 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 28.887Албанци 2.755Турци 413Роми 1.099Власи 145Срби 1.026Бошњаци 607Други3.494

Наводи

Категорија:Населби и маала во Скопје