мини Ротенбург () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во градот Ротенбург на Виме.
Округот нема граница со отворено море и се граничи (од север надесно) со следниве окрузи: Штаде, Харбург, Хајде, Ферден, Остерхолц и Куксхафен.
Географија
Реката Виме тече низ округот од исток на запад. Мочуришната област на обете страни на реката е наречена Депресија Виме (Wümmeniederung).
Историја
Во средниот век, областа била дел од бискупиите на Бремен и Ферден. По протестантската реформација, бискупиите станале секуларни кнежевства, вообичано наречени Бремен-Ферден и на крај областа станала дел од Кралството Хановер.
Денешниот округ бил основан во 1977 година со спојување на поранешните окрузи Ротенбург и Бремерферде.
Грб
Грбот прикажува: лав што носи крст; лавот бил хералдичко животно на Хановер, а крстот ја претставува Бискупијата Ферден двата прекрстени клуча доаѓаат од грбот на Надбискупијата Бремен
Градови и општини
мини|300п|десно|Градовите и општините во округот Ротенбург
ГрадовиСлободни општиниОпштински заедници Бремерферде Ротенбург на Виме Фиселхеведе Гнаренбург Шесел 1. Ботел Ботел1 Брокел Хемсбинде Хемслинген Кирхвалзеде Вестервалзеде 2. Финтел Финтел Хелвезик Лауенбрик1 Штемен Фалде 3. Гестеквеле Алфштет Басдал Еберсдорф Хипштет Ерел14. Зелзинген Андерлинген Дајнштет Фарфен Остерајштет Раде Зандбостел Зедорф Зелзинген1 5. Зитензен Грос Мекелзен Хамерзен Калбе Клајн Мекелзен Ленгенбостел Зитензен1 Тисте Фирден Вонсте6. Зотрум Ахаузен Бетерзен Хасендорф Хелвеге Хорштет Ресум Зотрум1 7. Тармштет Бредорф Билштет Хепштет Кирхтимке Тармштет1 Форверк Вестертимке Вилштет 8. Цефен Елсдорф Гихум Хеслинген Цефен1, 21седиште на општинската заедница; 2град
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Окрузи во Долна Саксонија