Атици (или Атица) — археолошко наоѓалиште во дојранското село Црничани. Претставува населба од неолитско време.

Во непосредната близина на крстопатот Валандово-Дојран-Богданци, во парцелите 5 и 10 на поранешната винарија „Винојуг“, на површина од 500 × 200 м се среќаваат фрагменти од куќен лепеж, огништа и фрагменти од керамички садови и камени и коскени орудија. Музејот на Македонија во 1988 година извршил заштитно археолошко ископување.

Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Дојранско

Наводи