Градиште — археолошко наоѓалиште во скопското село Говрлево. Претставува утврдена населба и базилика од римско време доцна антика и старохристијанско време .Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 368, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
На околу 600 м северно од селото се наоѓа мало ритче со зарамнето плато на врвот големо околу 2 хектара, на кое се гледаат остатоци од бедем граден од кршен камен и варов малтер. На површината има фрагменти од садова и градежна керамика, питоси, а биле наоѓани и монети. Мермерни блокови се пренесени во селските цркви во Говрлево и Барово. На југоисточната тераса има темели од голема базилика и непосредно до неа темели од цистерна.
Поврзано Градиште — утврдена населба од римското и доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Св. Илија — средновековна црква; Церје — населба од неолитското време; Говрлево; Список на археолошки наоѓалишта во Скопско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Chnitke
Категорија:Говрлево