1937  Јапонската армија го напаѓа кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставуваат, па Јапонија тоа го искористува како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна трае сè до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година. 1969  Во Канада, прифатен е Актот за службен јазик според кого францускиот јазик станува еднаков со англискиот јазик. 1985  Борис Бекер станува првиот нерангиран играч, најмладиот тенисер (дотогаш), како и првиот Германец што го освојува Вимблдон, на возраст од само 17 години и 7 месеци. 2000  Целиот тираж на Хари Потер и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото. 2005  Се случува серија од терористички напади на Лондонското метро, во кое убиени се 52 луѓе, меѓу кои и четворицата бомбаши-самоубијци. 7 јули