Националниот центар за дигитализација (НЦД) - конзорциум кој што е составен од најважните водечки српски (и поранешни југословенски) културни и научни установи, кои ги анализираат проблемите со дигитализацијата на културното и научното наследство .
Историја Работата за основање на Националниот центар за дигитализација (НЦД) во Србија започнала во 2002 година, со цел да се формира конзорциум составен од водечки културни и истражувачки институции вклучени во дигитализацијата на наследството.
Цели Главните предмети на соработка во НЦД се следниве:
Координација на напорите на институциите вклучени во дигитализацијата на културното и научното наследство Воспоставување и промовирање на национална стратегија за дигитализација на културното и научното наследство Истражување, адаптација и имплементација на меѓународните стандарди и протоколи за дигитализација и зачувување на културното и научното наследство на национално ниво. Развој на нови стандарди во области каде што не постојат. Лансирање на дигитализацијата на културното и научното наследство и правење планови за можен процес на миграција кон нови формати и технологии за веќе дигитализирани податоци
Главните активности на НЦД се:
Годишни национални конференции Нови технологии и стандарди: Дигитализација на националното наследство Списанието Преглед на Националниот центар за дигитализација, објавено и на хартија и во електронски облик Воспоставување, на национално ниво, предлози за основен сет на стандарди во областа на дигитализацијата на културното и научното наследство Развивање модели на соодветни дистрибуирани информациски системи и специфичен софтвер за реализација на стандардите за дигитализација Соработка со слични институции од странство, особено со иницијативата за дигитализација на Југоисточна Европа (СЕЕДИ).
Проекти
Електронски каталог на споменици на културата во Србија Електронски изданија на математички списанија Ретро-дигитализирани книги и документи во дигитална библиотека Дигитална национална библиотека на Србија
Поврзано
Југоисточно-европска иницијатива за дигитализација (СЕЕДИ)
Наводи
Библиографија
Национален центар за дигитализација, НЦД < http://www.ncd.org.rs/ncd_en/index.html > (24.05.2011) Национални конференции Нови технологии и стандарди: Дигитализација на националното наследство < http://www.ncd.org.rs/ncd_en/conferences.html > (24.05.2011) Преглед на Националниот центар за дигитализација < http://elib.mi.sanu.ac.rs/pages/browse_publication.php?db=ncd > (24.05.2011)
Категорија:Дигитално архивирање Категорија:Пренос на податоци