Бели Мост — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Петрово.
Претставува населба од железно време.
На 3 км источно од селото, на десниот брег на Стара Река, во подножјето на ридот Марков Манастир, во нивите на Т. Танков, Л. Велков, М. Митрев и Р. Петков се наоѓаат фрагменти од керамички садови со груба фактура, рачно работени. Поголема концентрација на археолошки материјал има во непосредната близина на средновековниот мост, и тоа од двете страни на патот за селото Петрово. Површински наоди се чуваат во Музејот во Гевгелија.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 109, ISBN 9789989101069. Поврзано Бања — средновековна црква; Бели Мост — населба од железното време; Болница — населба од доцноантичкото време; Вишова Нива — градиште од доцноантичкото време; Главата — населба од доцноантичкото време; Лесков Дол — Населба од доцноантичкото време; Пресек - Марков Манастир — населба од доцноантичкото време - збег; Св. Марко — градиште — средновековно градиште; Петрово; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско; Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи