Шесел () — општина во округот Ротенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Виме, околу 10 километри североисточно од окружниот град Ротенбург на Виме и 45 километри источно од градот Бремен.

Географија Местоположба

Шесел се наоѓа недалеку од Линебуршкото Поле на височина од 30 метри. Низ местото тече реката Виме и нејзината притока Беке.

Во месноста Булерберг со 53 метри надморска височина во местото Вестерхолц се наоѓа највисоката точка во округот.

Општински единици

Општината Шесел се состои од следниве места:Gemeinde Scheeßel – Ortschaften, abgerufen am 26. November 2014

Абендорф - 283 жители Бартелсдорф – 473 жители Хецвеге – 393 жители Јерсдорф – 1.385 жители Остерфезеде (со Депен и Ајнло) – 754 жители Шесел (со Бишелскамп, Ферзебрик и Ферзе) – 6.741 жител Зотел – 202 жители Вестереш (со Венкело) – 510 жители Вестерхолц (со Булт) – 635 жители Вестерфезеде – 776 жители Виткопсбостел (со Олденхефен) – 515 жители Волсдорф – 356 жители

Историја

Главното село ја прославило својата 1200-годишнина во 2005 година. Меѓутоа, ова било засновано на споменувањето на Skaesla во хрониката издадена од Карло Велики на 24 декември 805 година во Диденхофен, за што постојат повеќе теории каде постоела Skaesla.

Фестивал

Во селото редовно се одржува годишниот фестивал Хурикан.

Познати луѓе

Паул Карел (1911-1997) — нацистички пропагандист Матијас Шерц (р. 1971) — фудбалер Елке Твестен (р. 1963) — политичар

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Ротенбург (округ)