Црквиште — археолошко наоѓалиште во дојранското село Нов Дојран. Претставува остаток од старохристијанска базилика која датира од IV-V век.

Со археолошките ископувања од страна на Археолошкиот музеј од Скопје, во дворните места на Г. Поп Коцев, Р. Џиков и Р. Кацаниев, јужно од патот во централниот дел на селото се откриени остатоци од трикорабна, луксузно градена базилика, со нартекс и широка полукружна апсида на источната страна. Откриени се траги од канцел-преграда. Подот во презвитериумот бил изведен со бели мермерни плочки, организирани во полиња што образувале крст. Најдена е богата архитектонска пластика од бел мермер.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Дојранско

Наводи