„Франческо Асишки“ (англиски: Francis of Assisi) - американско-германски филм од 1961 година, во режија на Мајкл Куртиз (Michael Curtiz), по сценариото на Јуџин Вејл (Eugene Vale), Џејмс Форсајт (James Forsyth) и Џек В. Томас (Jack W. Thomas), засновано врз романот на Лудвиг фон Вол (Ludwiga von Wohl). Главните улоги ги толкуваат: Бредфорд Дилман (Bradford Dillman), Долорес Харт (Dolores Hart), Стјуарт Витман (Stuart Whitman), Сесил Калавеј (Cecil Kellaway) и Едуард Франц ( Eduard Franz). Ова е претпоследниот филм на Мајкл Куртиз, авторот на „Казабланка“. Филмот се одликува со уредно изложена приказна и беспрекорна режија, а насловната улога ја игра маркантниот Бредфорд Дилман.HRT, Franjo Asiški, američko-njemački film (пристапено на 14.11.2020)
Синопсис Во филмот се прикажува животот на светецот Франческо Асишки, основачот на францисканскиот калуѓерски ред. Дејствието се случува во Италија, на преминот од 12 во 13 век, кога младиот Франческо Бернардоне (го игра Дилман), син на богат трговец со облека од Асиси, незадоволен од бесмислениот живот, на повик на папата Инокентиј III се пријавува во војската која заминува во поход на Сицилија. За време на битката, тој го слуша божјиот глас кој му наредува да се врати дома. Таму, тој е прогласен за предавник и затворен. По излегувањето на слобода, тој повторно го слуша божјиот глас кој му наредува да ја обнови урнатата црква...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Религиозни филмови Категорија:Германски филмови Категорија:Историски филмови Категорија:Биографски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови за светци Категорија:Филмови од 1961 година Категорија:Филмови на Мајкл Куртиз Категорија:Филмови со Бредфорд Дилман Категорија:Филмови со Долорес Харт Категорија:Филмови со Стјуарт Витман Категорија:Филмови со Сесил Калавеј Категорија:Филмови со Едуард Франц Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Италија