Фиселхеведе (; ) — мал град во округот Ротенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на западниот раб од Линебуршкото Поле.
Географија Местоположба
Фиселхеведе се наоѓа на надморска височина од 70 метри. Највисока точка во градското подрачје е Хеленберг во местото Дрегенбостел со 93,4 метри. Во парк во самиот град извира реката Фисел. Исто така, во градското подрачје се наоѓаат и изворите на Лерде, десна притока на Алер, Варнау и на Родаѕ, притока на Виме.
Градот се наоѓа во триаголникот Бремен–Хамбург–Хановер.
Градски единици
Фиселхеведе покрај самото градско јадро се состои од 14 места како Блекведел, Буххолц, Дресел, Дрегенбостел, Хидинген, Јединген, Кетенбург, Лидинген, Ниндорф, Отинген, Розебрух, Швичен, Вензен и Виторф.
Околу половина од населението живее во самото градско јадро, а другата половина во другите помали места во самото градско подрачје.
Соседни градови
Соседни градови и општини се: општината Кирхлинтелн во округот Ферден, општинската заедница Ботел во округот Ротенбург и општината Нојенкирхен во округот Хајде, како и градовите Золтау и Валсроде.
Политика Градски совет
Градскиот совет се состои од 24 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 9.001 и 10.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten, abgerufen am 16. September 2016 Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
Партија / Листа Места CDU 10 (− 1) SPD 7 (− 2) Grüne 3 (− 1) FDP 1 (± 0) Ние во Фиселхеведе (WiV) 3 (+ 2)
Градоначалник
Градоначалник од 2014 година е Ралф Гебел (независен).
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ротенбург (округ)