Зандбостел () — општина во округот Ротенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија Местоположба
Општината се наоѓа околу 9 километри јужно од Бремерферде, 17 километри северно од Цефен, 43 километри североисточно од Бремен и 60 километри западно од Хамбург. Низ општината тече реката Осте.
Општинси единици
Покрај главното место Зандбостел, во општината се наоѓаат и местата Обер Охтенхаузен, Алтенбург, Минтенбург, Гозехус, Хајнрихсдорф, Хитен, Фалје и Штопелхајде.
Историја
Во 1932 година при Големата депресија, Лутеранската црква на Хановер отворила камп за невработени самци за да работат на проекти поврзани со инфраструктурата.
Во 1939 година, кампот бил преземан од нацистите и станал воен камп. До 1945 година низ него поминале милион затвореници и се проценува дека починале помеѓу 8.000 и 50.000 луѓе. Остатоците од градбите на кампот може да се сретнат и денес во месноста Именхајм. Гробиштата за илјадниците затвореници се наоѓа надвор од селото, каде се наоѓа и споменикот во нивна чест.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ротенбург (округ)