904 Солун бил освоен и уништен од Арапите. Околу 20.000, претежно млади, биле одведени во ропство. 1498 Кристифор Колумбо, на своето трето патување во Новиот Свет, го открива островот Тринидад, а потоа за првпат стапна на брегот на Јужна Америка. 1908 По победата на Младотурската револуција, Јане Сандански упатува „Манифест до сите народности во Османлиското Царство“. 1941 Германскиот рајхсмаршал Херман Геринг му дава писмена директива на шефот на полицијата Рајнхард Хајдрих да направи нацрт-план за отстранување на Евреите од Европа. 1945 Пјер Лавал, водачот на Вишиевска Франција, е уапсен од сојузничките војници во Австрија. 1954 Италијанска експедиција предводена од Ардито Десио прва го освојува врвот „Годвин Остин“, попознат како К2, на Каракорум, кој со своите 8.611 метри, е втор највисок врв на Земјата. 1964 Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем дострел на астрономијата по Галилео Галилеј. 2006 На Куба Фидел Кастро му ја предава власта на својот брат Раул Кастро. 31 јули
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 31 јули (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.