Градиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Долно Лакочереј. Претставува населба од бронзеното време.
На 2 км западно од селото има тумба со доминантна положба. На нејзиниот зарамнет дел, кој има елипсовиден облик, развлечен во правец исток-запад, при копањето на ровови се исфрлени на површината фрагменти од керамички садови и орудија од камен и коска.
Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи
Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Охрид