мини|Автобус во Лондон со реклама за филмот „Лего“. Лего филм () е американски компјутерско - анимиран филм од 2014 година, студиото Ворнер брадерс, во режија и сценарио на Фил Лорд и Крис Милер. Гласовите ги позајмија Крис Прат, Вил Ферел, Елизабет Бенкс, Вил Арнет, Ник Оферман, Алисон Бри, Чарли Деј, Лиам Нисон и Морган Фримен.

Ликовите во филмот се играчки направени од лего коцки, а работата ја следи Емет, сосема обичен градител од градот Лего, кому според античките пророштва му било судено да го спаси универзумот Лего од тиранинот Лорд бизнис.

Благодарение на неговиот интересен визуелен стил и добриот хумор, филмот доби позитивен прием од критичарите и заработи многу пари од билетарниците во киноThe Lego Movie - Metacritic.

Продолжението на филмот, Лего филм 2, бил премиерно прикажано на 7 февруари 2019 година.

Работа

Градителот од лего-градот Емет (Крис Прат) е послушна и совршено просечна Лего фигура, но случајно станува Избраниот- суштество кое е од клучно значење за спас на светот.

Неговата одисеја го води со определениот Вајлд Стајл (Елизабет Бенкс) низ универзумот Лего во кој тие се здружуваат со луѓе од сите Лего светови - астронаутот Бени (Чарли Деј), суперхеројот Бетмен (Вил Арнет), добриот волшебник Витрувиус (Морган Фримен) и многу други карактери. Секој од нив е таен мајстор градител, способен да гради речиси сè без упатства, за разлика од Емет, кој секогаш ги следи правилата и го прави она што системот го бара.

Улоги +ГлумецУлогаКрис ПатЕмет БриковскиЕлизабет БенксЛуси/Вајлд СтајлВил ФерелЛорд Бизнис/Човекот одозгораВил АрнетБетменНик Офермангусар Метална БрадаАлисон Брипринцеза ЈуникитиЧарли Дејастронаут БениЛијам НисонДобар полицаец/Лош полицаецМорган Фриманмагионичарот ВитрувијусЧенинг ТејтумСуперменЏона ХилЗелениот ФенерКоби СмалдерсWonder Woman

Поврзано

Лего Лего Бетмен (филм) Лего Нинјаго (филм)

Извори

Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Цртани филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2014 година Категорија:Американски 3D-филмови