Црквиште Св. Атанас — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Крњево. Претставува старохристијанска базилика. Се наоѓа на зарамнето плато западно од патот. Откриена е во 1975 година со археолошки ископувања, и тоа нејзиниот јужен дел. Била подигната во IV-V век, како култен објект покрај една ѕидана старохристијанска гробница. Црквата е трикорабна, со нартекс и егзонартекс. Средниот кораб на источната страна завршува со полукружна апсида. Канцелот на олтарната преграда е изведен од мермерни блокови, а подот во презвитериумот од мермерни плочки, во техниката opus sectile.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 153, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — населба од доцноантичкото време и сакрален објект; Мечковец — средновековна населба; Орнички — населба - збег од доцноантичкото време; Св. Димитрија — средновековна некропола; Црквиште Св. Атанас — старохристијанска базилика; Чешма — населба од доцноантичкото време; Чешма II — населба од доцноантичкото време; Крњево; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко;
Наводи
Категорија:Крњево