Азиски лав () — подвид на лав, вид на цицач од редот на ѕеверови и семејството на мачки.
Азискиот лав е една од петте големи мачки кои ја населуваат Индија, а другите се Бенгалскиот тигар, индискиот леопардот, снежниот леопард и облачен леопард .Jhala, Y. V., Qureshi, Q., Sinha, P. R. (Eds.) (2011). Status of tigers, co-predators and prey in India, 2010. National Tiger Conservation Authority, Govt. of India, New Delhi, and Wildlife Institute of India, Dehradun. TR 2011/003 pp-302Pandit, M. W.; Shivaji, S.; Singh, L. (2007). "You Deserve, We Conserve: A Biotechnological Approach to Wildlife Conservation."
Азиските лавови некогаш ја населувале областа од Средоземјето до североисточните делови на Индискиот Потконтинент, но поради интензивниот лов, загадувањето на водата и исчезнувањето на природниот плен, нивното живеалиште драстично е намалено.
Историски гледано, азиските лавови биле класифицирани во три подвида - бенгалски, арапски и персиски лавови. Азиските лавови се помали и полесни од африкчките, но се подеднакво агресивни. Тие исто така се разликуваат по големината на гривата, што е помало кај азиските лавови.Pocock, R. I. (1939). "Panthera leo".
Распространетост и живеалиште Во дивината, живеат само во шумата Гир во индиската држава Гуџарат, каде во 1965 година е основано засолниште за азиските лавови со површина од 1.412,1 ². По 1965 година, основан е „Националниот парк Гирска Шума“ со површина од 258,71 ², во кој е забрането присуство на луѓе. Додека во засолништето за азиските лавови, само номадското племе Малдари е дозволено да ги пасе своите стада.Varma, K. (2009). "The Asiatic Lion and the Maldharis of Gir Forest: An Assessment of Indian Eco-Development".
Азиските лавови се населуваат во шумските живеалишта на планините Гир и Гирнар, каде се наоѓаат најголемите суви листопадни шуми на Гуџарат, трнливите шуми и саваните.
Загрозеност и популација Овој подвид се смета за загрозен. Популација на азиските лавови има растечки тренд, според достапните податоци, околу 411 лавови живееле во шумата Гир од април 2011 година. Веќе во мај 2015 година, тој број порасна на 523 единки, 109 возрасни мажјаци, 201 возрасни женки и 213 млади. Според последните податоци од август 2017 година, популацијата на азиски лавови достигна број од 650.
Поврзано
Лав — главната статија за видовите
Користена литература
Литература
црвен список на загрозени видови, подетални податоци за видовите (језик: енглески)
Категорија:Загрозени видови според МСЗП Категорија:Статии со надворешни врски на англиски Категорија:CS1-одржување: користи параметар authors Категорија:Мачки од Азија Категорија:Мачки од Индија Категорија:Мачки од Гуџарат Категорија:Лавови Категорија:Симболи на Гуџарат