, исто така познато и како , , или — амфибиски јоокаи демон или „ѓаволче“ што се наведува во традиционалниот јапонски фолклор. Тие обично се претставени како зелени, човеколики суштества со ципести дланки и стапала и желковидна черупка на грбот. Се одликуваат со вдлабнатина на нивната глава, наречена „чинија“ („сара“), која задржува вода, и ако таа некако се оштети или ја изгуби течноста (преку истурање или сушење), каппата ќе била сериозно ослабена.
Каппа се познати по тоа дека сакаат краставици и сумо борење. Тие често се обвинети за напади врз луѓето во водата и за отстранување на измислен орган од жртвата наречен „ширикодама“ од анусот на нивната жртва.
Терминологија мини|280п|Нецуке од каппа. Името каппа е кованица на зборовите кауа (река) и уаппа, варијанта на уарауа (童, исто така и уарабе), што значи „дете“. Друг превод на каппа е „водни духови“. Каппа се познати и регионално со најмалку осумдесет други имиња како што се кауаппа, кауако, кауатароо, гауаппа, коого, мизуши, мизучи, суитенгу., citing Ōno (1994), p. 14
Неговите имиња кауасо што значи „видра“, дангаме што значи „желка со мека лушпа“ и енкоо што значи „мајмун“, укажуваат на надворешна сличност на каппата со овие животни. Името комахики или „коњски влекач“ алудира на нивната посведочена наклонетост да ги грабнува коњите.
Каппата е позната како кауако во Изумо (Шимане префектура), каде што Лафкадио Херн бил стациониран, а гатароо било познатото име за нив на фолклористот Кунио Јанагита од Хјого префектурата.
Изглед За каппата се велело дека имала приближно човечка форма и имала големина на дете, населувајќи ги езерцата и реките во Јапонија. Несмасни на копно, тие се осеќале како дома во водата и „цветале“ во топлите месеци. Обично имале зеленикава боја (или жолто-сина),; и или лушпеста, или лигава кожа, со ципести дланки и стапала, и черупка налик на онаа на желките на грбот. Нечовечките особини ги вклучувале трите ануси кои им овозможувале да испуштат трипати повеќе гас од луѓето. Каппа обично биле со големина и форма на човечко дете, но и покрај нивниот мал раст, тие биле физички посилни од возрасен човек.
Една особена одлика била дека на главата имале празнина наречена сара („сад“, „вангла“, или „чинија“) која задржувала вода или некаква течност, што се сметала за изворот на моќта на каппата или нивната животна сила. Оваа празнина морала да биде секогаш полна кога каппата била далеку од водата; ако некогаш течноста се исуши, или ако и се истури водата, каппата ја губела својата моќ и можела дури и да умре. За каппите понекогаш се велело дека мирисаат на риба, и можат да пливаат како нив.
Според некои извештаи, нивните раце биле поврзани едни со други преку трупот, и можат да се протнат од едната до другата страна.According to the Wakan Sansai Zue. Додека тие биле првенствено водни суштества, тие понекогаш излегувале на копното. Кога ќе го стореле тоа, „садот“ на главата можел да биде покриен со метален капак за заштита.
За капите постојат бројни писмени извори, а тие се прикажани и на многу цртежи. Во енциклопедијата „Вакан Сансаи Зуе“ од 1700 година, капите се опишани на следниов начин: „Личи на дете од десет години. Оди гол. Чекори исправен и зборува на јазикот на луѓето. Горниот дел од неговата глава, покриена со кратка коса, е издлабен во облик на чинија и содржи одредено количество вода. Живее во вода, а навечер излегува да краде дињи и лубеници, јајчести јаболка и други плодови на трудот на селаните. Сака да се бори и секој маж и секоја жена на кои ќе наиде ги предизвикува да си ја испробаат силата. Кога се борите со капата, вртете што почесто со глават горе-долу. Тој ќе го прави истото, па од чинијата ќе му истече и последната капка вода поради што ќе мора да попушти. Но, сè додека не ја изгуби водата, тој е посилен и од најсилниот човек. Уште повеќе, способен е едната рака целосно да ја вовлече во градниот кош, а другата со извлекување да ја продолжи за должината на вовлечената рака што, заедно со неговата лизгава кожа, ја прави многу тешка борбата со него. Капата понекогаш ги одвлекува во водата коњите и говедата каде низ аналниот отвор им ја цица крвта. Поради сето тоа, треба многу да се внимава при преминувањето на потоците.“Voja Čolanović, „Beleška o piscu“, во: Rjunosuke Akutagava, Kapa. Rad, Beograd, 1959, стр. 112-113.
Земјата на капите е тема на сатиричната новела „Капа“ на јапонскито писател Рјусонуке Акутагава.Rjunosuke Akutagava, Kapa. Rad, Beograd, 1959.
Галерија
Поведение мини|350п|Заробување жива каппа, Утагауа Кунијоши. мини|350п|Каппа, од „Илустрираната Ноќна парада на Сто демони“(„Газу Хјакки Јагјоо“) од Торијама Секиен. алт=|мини|350п|Каппа (かはつは), од „Бакемоно но е“ (化物之繪, 1700 г.), Колекција на јапонски книги и ракописи Хари Ф. Брунинг, Специјални колекции на Л. Том Пери, Библиотека Харолд Б. Ли, Универзитет Бригам Јанг. Каппа обично се согледани како палави суштества што предизвикуваат проблеми или преваранти. Нивните активности се движат од релативно мали, како што е гледањето под женските кимона, до целосно злонамерни, како давење на луѓе и животни, киднапирање деца, силување жени и на моменти јадење човечко месо. Иако понекогаш е заканувачки, тие исто така можеле да се однесуваат пријателски кон луѓето. Додека помладите каппи често живееле во семејните групи, восрасните каппи живееле осамени животи. Сепак, вообичаено било за една каппа да се дружи со други јоокаи, а понекогаш дури и со луѓе.
Краставица Народните верувања тврдат дека краставицата е нивно традиционално омилено јадење. На фестивалите, подароците со краставица често се прават за каппата. Понекогаш се тврдело дека каппата имала друга омилена храна, како што се јапонскиот модар патлиџан, „соба“ (јуфки од леќа), „наттоо“ (ферментирана соја) или „кабоча“., citing (1988), "Suijinshinkō to kappa 水神信仰と河童 [Water deity belief and the kappa]"; Ōshima, Takehiko ed. Kappa 河童, p. 12.
Во Едо (старо Токио), постоела традиција кога луѓето ги пишувале имињата на членовите на нивните семејства на краставици и ги испраќале да пловат по водата на потоците за да ги смират каппата, вака спречувајќи повреда врз нивното семејство додека се во или во близина на потоците. Во некои региони било вообичаено да се јадат краставици пред пливање како заштита, но во други се верувало дека овој чин гарантирал напад.
Суши ролна исполнета со краставица е позната како каппамаки.
Како закана десно|мини|350п|„ОПАСНОСТ!! Не пливајте и не играјте овде“.Каппата е прикажана како метафора за давење на знак во близина на езерцето во Фукуока Како водни чудовишта, каппата се обвинети за давење и за нив често се вели дека се обидуваат да ги намамат луѓето во водата и да ги повлечат внатре со нивната голема боречка вештина. За нив понекогаш се велело дека ги грабале своите жртви со цел да ја пијат нивната крв, јадејќи им го црниот дроб, или да добијат моќ од жртвата со одземање на нивната , митска топка за која се велело дека ја содржи душата, која се наоѓала во внатрешноста на анусот.
Каппа се искористени за да се предупредат децата за опасностите кои демнат во реките и езерата, бидејќи за каппите често се зборувало дека се обидувале да ги привлечат луѓето во вода и да ги повлечат.Does Kappa still have their occult power? . road-station.com (Michi-no-eiki). Дури и денес, знаци со предупредување од каппа постојат околу водните тела во некои јапонски градови и села.
За каппата исто така се зборувало дека убива животни, особено коњи и крави. Мотивот што прикажува каппа која се обидува да удави коњ се наоѓа низ цела Јапонија.
Лафкадио Херн запишал приказна во Кауачимура во близина на Мацуе, каде каппа која крадела коњи била фатена и натерана да напише изјава под заклетва дека никогаш повторно нема да наштети на луѓето.
Во многу верзии, каппата би била одвлечката со коњ до шталите каде што е најранлива, и таму ќе е принудена да потпише ветување за да не се однесува лошо.
Пораз на капа мини|350п|Одбрана против Каппа - одбивање со прдеж, Јошитоши. мини|350п|Пар машко и женско каппа статуи во будистичкото светилиште Согенџи во областа Асакуса во Токио. Се верувало дека има неколку начини на бегство ако некој бил соочен со каппа. Каппата биле опседнати со учтивост, па ако некое лице направи длабок поклон, тие ќе го вратат гестот. Ова резултирало во истурање на водата што ја содржеле во „садот“ (сара) на главата, што ја прави неподвижна додека вдлабнатината на главата не се наполни со вода од реката во која што живее. Ако некое лице им ја наполни повторно, каппата ќе и служи на таа личност за цела вечност. Слична слабост на каппата ги вклучува нејзините раце, кои лесно можат да се искорнат од нивното тело. Во случај раката да се одвои, каппата ќе прави услуги или ќе сподели знаење во замена за нејзината рака.
Друг метод за поразување вклучува шоги или сумо борење: каппата понекогаш ги предизвикувала луѓето да се борат или вклучат во други тестови на вештина. Оваа тенденција лесно се користела за, на некој начин, поттикнување на каппата да ја истури водата од својата сара. Еден значаен пример за овој метод е народната приказна за еден земјоделец кој и ветил на каппата дека ќе ја ожени својата ќерка со суштеството, со што за возврат тоа требало да ја наводнува неговата земја. Ќерката на земјоделецот ја предизвикала каппата да потопи неколку суви тикви во вода. Кога каппата не успеала во својата задача, таа се повлекла, спасувајќи ја ќерката на земјоделецот од бракот. Каппа се истералувале и од нивната одбивност кон железо, сусам или ѓумбир., citing Ōno (1994), p. 42
Добри дела Каппата не се целосно антагонистички настроени кон луѓето.
Откако ќе се спријателат, каппата може да изврши каков било број задачи за човека, како што е помагање на земјоделците да ја наводнуваат својата земја. Понекогаш, тие носеле свежа риба, што се смета за знак на среќа за семејството што ја добива. Тие се исто така високо познавачи на медицината, а легендата вели дека тие ги научиле луѓето во уметноста за местењето коски.
Регионални варијации Заедно со они и тенгу, каппата е меѓу најдобрите познатите јоокаи во Јапонија.
Каппата е позната под различни имиња и суштеството се разликува по регионите и локалниот фолклор. Во Шинто религијата, тие честопати се сметаат за аватари (кешин) на Воденото божество или суиџин.
Светилиштата се посветени на обожавањето на каппата како водено божество на места како што се Аомори префектурата или Мијаги префектурата. Имало и фестивали наменети за дарување на каппата со цел да се добие добра жетва, од кои некои се одржуваат и денес. Овие фестивали генерално се одржувале во текот на двете рамноденици на годината, кога за каппата се велело дека патувале од реките кон планините и обратно.
Најпознатото место каде што се тврдело дека престојува каппа, е во водите во Тооно во Иуате префектурата. Во близина на во Тооно, постои будистички храм кој има статуи од комаину кучиња со вдлабнатини на главите што потсетуваат на садот за задржување на водата на главите на каппата, за кој се вели дека е посветен на каппите, кои според легендата помогнале во гаснењето на пожарот во храмот. Каппа, исто така, се почитувани во будистичкиот храм Согенџи во Асакуса областа на Токио, каде што, според традицијата, мумифицирана рака од Каппа е осветена во капелната сала од 1818 г.
Во својот „Тооно Моногатари“, Кунио Јанагита бележи голем број верувања од областа Тооно за жените кои биле силувани, па дури и затруднети од каппа. За нивните потомци се велело дека биле одбивни на лик, и генерално биле закопувани.
Меѓукултурен фолклор