Јован Басаровски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Основно училиште завршил во родното село Рудник. Тој иако бил добар ученик, поради сиромаштија не можел да го продолжи своето образование. Па, така дошол во Скопје за да го изучи ковачкиот занает. Откако се стекнал со некакво знаење од занаетот, тој повторно се вратил во родното место. Бил фото-аматер и организирал музички веселби во неговото село. Рано се вклучил во Народноослободителното движење. Учествувал во придобивањето на нови симпатизери за НОВ. На 1 септември, 1942 година пристапил во партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Во состав на истиот учествувал во повеќе акции. Ги предводел вооружените акции на железничката станица Клајман, на селото Папрадиште и низ разни села во Велешкиот крај. Бил фатен од домашните предавници - контрачетници на 5 декември, 1942 година, кои потоа го предале на бугарските власти.
Смрт со бесење Во јануари 1943 година, бугарскиот фашистички окупатор го затворил и го спровел во Скопскиот централен затвор. Иако во затворот не подлегнал на провокациите, на судскиот процес бил осуден на смрт. Според сеќавањата на затворениците ноќта на 21 јануари од затворската ќелија бил изваден Јован, кој бил со врзана уста и лисици на рацете. Бугарската полиција, тепајќи го носела кон бесилката во дворот на скопскиот затвор. Таму, му било предложено да ја каже неговата последна желба или да се исповеда кон бугарскиот свештеник, на што Јован почнал да ги навредува бугарските џелати Аврам и Плочев, кои му ја ставиле јамката од бесилката на вратот ѝ го обесиле. Погубувањете било извршено на 21 јануари 1943 година.
Истата ноќ последователно биле обесени Благоја Давков и Герас Цунев.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна