Христос во куќата на Марта и Марија (холандски: Christus bei Maria und Martha ) е слика масло на платно од холандскиот сликар Јоханес Вермер создадена во 1668 година.

Ова дело е едно од ретките слики на Вермер со религиозна тематика. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, ова дело отстапува од неговите карактеристични ликовни постулатиVermeer van Delft, Jan: Christus bei Maria und Martha.

Опис Тоа е најголемата слика на Вермер и една од ретките со религиозен мотив. Претставен е Христос во посета на домот на двете сестрите Марија и Марта, сцена од Новиот завет. Делото е исто така наречено Христос во домот на Марија и Марта. Во ова дело, Вермер повеќе, сценски се задржува на трите фигури, занемарувајќи ги деталите и севкупната атмосфера на просторотJan Vermeer, 1654/1655.

Стил

Сликата е повеќе под влијание на холандскиот барок со елементи на сценско, скоро театрално претставување и илустрација без неговата карактеристична интимна претстава на сопствената поетика.Christus im Hause von Martha und Maria von Jan Vermeer van Delft .

Техника на сликање

Пигментната анализа на оваа слика открила употреба на пигменти од барокниот период како што биле: жолт окер и оловно бело. Вермер не ја насликал наметката Христова со неговиот вообичаен син пигмент на ултрамарин туку со мешавина од индиго и оловно бело. Das Canvas Rustic Texture.

Библиографија

Norbert Schneider: Vermeer sämtliche Gemälde. Taschen, Köln 2004. ISBN 3-8228-6377-7 DuMont: Vermeer. DuMont Literatur- und Kunstverlag, Köln 2003. ISBN 3-8321-7339-0== Надворешни врски == Der Astronom auf der Homepage der Uni Heidelberg Der Astronom auf essentialvermeer.com Надворешни врски Christus bei Maria und Martha auf essentialvermeer.org

Наводи

Категорија:Слики од Јоханес Вермер Категорија:Уметнички слики од 1660-тите Категорија:Холандски сликари Категорија:Холандско сликарство Категорија:Холандска уметност Категорија:Холандски уметнички слики Категорија:Холандски уметници