Градот — археолошко наоѓалиште во неготинското село Горни Дисан. Претставува опидум од доцноантичко време. Јужно од селото, на околу 2,5 км има висок рид со стрмни вертикални карпи, кој доминира над околниот терен. На самиот врв се наоѓа простор од 4,5 хектари, опкружен со остатоци од одбранбен бедем и кули.
Во внатрешноста на градиштето има остатоци од темели на големи градби (цистерни), а се среќваат и фрагменти од керамички садови, питоси и расфрлен градежен материјал. Најдени се монети од византиските цареви Јустинијан I и Јустин II.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско
Наводи