150px|right|Вулканот, 2019 150px||right|2019

Аврски културен центар (француски: Maison de la culture), познат и како Вулкан (француски: Le Volcan) — културен центар којшто се наоѓа спроти плоштадот Шарл де Гол во Авр.

Проектиран е од Оскар Нимаер и е отворен во 1982 година..

Опис Самата зграда има специфична форма инспирирана од индустриските градби - најчесто, разладните кули на термоцентралите.

Внатрешниот простор е целосно проектиран според потребите на современ ентериер сооодветно на наменета. Целосно е изведена во натур-бетон со пренапрегнато армирано железо. Затворена е од сите страни во еден вид бетониран бункер со широк отвор на горната страна од каде што доаѓа дневната светлинаLe Havre : le volcan d'Oscar Niemeyer défiguré par une excroissance ?.

Стилски одлики

Оскар Нимаер е еден од најзначајните архитекти на дваесеттиот век. Ова е едно од поексцентричните и послободни негови дела. Во својот уметнички израз Нимаер во неа потполно го употребува излиениот бетон со кој ја формирал севкупната фасада. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти, туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки.Le point sur les travaux de réhabilitation et de modernisation du grand espace culturel conçu par l'architecte Oscar Niemeyer.

Литература Danielle Knapp, Promenades avec Oscar Niemeyer, Éditions Petit à Petit, 2015

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градби на Оскар Нимаер Категорија:Модернистичка архитектура во Франција