Жерар Пол Франсис Улие (роден на 3 септември 1947 година во Теруан - починал на 14 декември 2020 во Париз) — поранешен француски фудбалер, играч од средниот ред, и фудбалски тренер.

Кариера Пред завршувањето на својата играчка кариера во која настапувал само за аматерски клубови, Улие станал тренер на екипата на Ле Тук - која била последната за која играл - вршејќи ја должноста на играч-тренер. Потоа тој ја преземал тренерската функција во францускиот петолигаш Ну-ле-Мин, со кој и покрај малите ресурси со кои располагал клубот успеал да избори три промоции и да стигне до втората дивизија во сезоната 1978-1979. Во неговите последни две сезони клубот се борел за промоција во Дивисион 1, но во двата случаи останале само на едно место под позицијата која водела во повисок ранг, а во вториот случај дури само за еден бод.

Во 1982 година, Улие бил назначен за тренер на прволигашот Ланс, со кои во првата сезоната завршил на 4-тото место. Во 1985 година ја презел функцијата во Париз Сен Жермен, со кој уште во првата сезона успеал да ја освои титулата во француското првенство - што била прва во историјата на парискиот клуб.

Во 1998 година бил назначен за менаџер на англискиот Ливерпул. До 2004 година, тој ги водел редситe во 307 официјални натпревари (најмногу во еден клуб во неговата кариера) освјувајќи неколку трофеи како ФА Купот, два Лига купа, еден ФА Черити Шилд, еден Суперкуп на УЕФА и пред се Купот на УЕФА во сезоната 2000-2001, победувајќи го во неверојатен натпревар шпанскиот Алавес во финалето со 5-4 со златен гол. Во 2004 година, со заемен договор тој и Ливерпул ја прекинале соработката и тој бил наследен на клупата на Ливерпул од Рафаел Бенитес.

Во периодот 2005-2007, Улие бил тренер на Олимпик Лион, со кои освоил две титули во Лига 1. Својата последна сезона во кариерата како тренер (2010-2011) ја поминал на клупата на .

Улие починал на 14 декември 2020, на возраст од 73 години, после долгогодишните срцеви проблеми.

Титули Тренер

Клупски Париз Сен Жермен Дивисион 1 : 1 1985-1986

Ливерпул ФА Куп : 1 2000-2001 Лига куп на Англија : 2 2000-2001, 2002-2003. ФА Черити Шилд : 1 2001 Куп на УЕФА : 1 2000-2001 Суперкуп на Европа : 1 2001

Олимпик Лион Лига 1 : 2 2005-2006, 2006-2007. Суперкуп на Франција : 2 2005, 2006

Репрезентативни Фрација под 18 години Европско првенство под 18 години : 1 1996.

Поединечни Тим на годината на УЕФА: 1 2001. Европски тренер на годината: 1 2001 Тренер на годината според World Soccer: 1 2001 Тренер на годината според Onze Mondial: 1 2001 Тренер на годината во Лига 1: 1 2007 Менаџер на месецот во Премиер лигата: декември 1999, март 2002, октомври 2002.

Почести 60px Кавалер на Легијата на честа (Франција) — 2002

60px Орден на Британската Империја (Велика Британија) — 2003

Наводи

Надворешни врски Жерар Улие на transfermarkt

Категорија:Француски фудбалери Категорија:Француски тренери Категорија:Селектори на француската фудбалска репрезентација Категорија:Тренери на ФК Париз Сен-Жермен Категорија:Тренери на ФК Ливерпул Категорија:Тренери на ФК Олимпик Лион Категорија:Тренери на ФК Астон Вила Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Родени во 1947 година Категорија:Починати во 2020 година