Манастир — археолошко наоѓалиште во околината на местото Дулица кај градот Македонска Каменица. Претставува населба, црква и некропола од римско време и старохристијанско време

На околу 1 км северозападно од браната на езерото Калиманци, на падина со простор од 300 × 150 м, што се спушта кон езерото, се среќава множество фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. На горниот крај на наоѓалиштето се зачувани темели од мала старохристијанска црква, а околу неа гробови градени од камени плочи. Некрополата е оштетена со изградбата на асфалтниот пат што поминува покрај езерото.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 126, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бегов Даб — базилика од старохристијанско време Градиште — градиште од доцна антика; Манастир — населба; црква и некропола од римско време; старохристијанско време; Селиште - Св. Илија — населба од римското време; Ќерамидница — црква од старохристијанско време; Црква — црква од старохристијанско време; Македонска Каменица; Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско.

Наводи

Категорија:Дулица