Крастати Камен – Слатина — археолошко наоѓалиште во околината на местото Тработивиште кај градот Делчево. Претставува населба од римско време.
На една ниска тераса што лежи на околу 1 км јужно од селото, во нивата на П. Ивановски се среќаваат фрагменти од керамички садови, питос и и множество градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 131, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Асанова Лака — населба од доцноантичко време; Градиште — градиште од римското време; Градиште-Голак — градиште од доцноантичкото време; Крастати Камен - Слатина —населба од римското време; Широчица — старохристијанска црква; Тработивиште; Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;
Наводи
Категорија:Тработивиште