Пашина Горица — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од доцноантичко време.

Се издига северно од наоѓалиштето Бучишта, северно од меѓуселскиот пат Грко Поле-Оздолени, а десно од патот Горно Средоречие-Сошани. На падината од горицата, спроти Бучишта, како и во профилот на трапот што поминува покрај нејзиното јужно подножје, се забележуваат остатоци од нарушени гробни конструкции.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Охридско

Наводи