Кула — археолошко наоѓалиште во штипското село Судик. Претставува градиште од доцноантичко време.
Источно од селото, на левата страна на Судичка Река се издига висок рид опкружен со стрмни падини, со исклучок на јужната страна на која има благ пристап. На врвот има зарамнето плато, со неправилна триаголен облик, на кое се наѕираат остатоци од темели на бедем широк 1,50 м. Должината на северниот ѕид изнесува 83 м, на источниот 41 м, а јужниот е целосно уништен. По површината има многубројни фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен камен.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Штипско
Наводи