Гаталка (италијански: Bona ventura) – познато масло на платно од италијанскиот барокен сликар Микеланџело Меризи да Караваџо.
Караваџо двапати го сликал мотивот каде Циганка му гата на млад човек.
Првата верзија на сликата која се чува во Капитолскиот музеј во Рим, прикажува гаталка со лажна заводлива насмевка, како на младичот со циничен поглед од чија рака му ја прорекува судбината, со средниот прст му го вади прстенот, лукаво одвлекувајќи му го вниманието со допир со својот показалец по средина на неговата дланка, која во гатањето се нарекува „Венерин појас“Wilson-Smith 1998, 54.
Ова е едно од најраните самостојни дела на Караваџо создадени во Рим. Биографот на Караваџо, Манчини, бележи дека ова е жанр-сцена направена за монсињор Фантин Петрињани Mariani 1960, 65, но некои историчари на уметноста сметаат дека, како и познатата Картаџии од истиот период, била направена за кардиналот Дел Монте , кај кого Караваџо живеел во тоа време во Палацо Мадама покрај Пјаца Навона.
Рендгенска снимка покажала дека сликата била насликата на веќе употребено платно, на кое била насликана Богородица во стилот Кавалиере д’Арпина Lambert 2007, 42, а бројните поправки – „пентименти“ покажуваат дека Караваџо ни за таа слика, како ни за повеќето други, не користел подготвителни скици.
Биографот на Караваџо, Белори, наведува дека сликарот ја зел Циганката од улица и ја портретирал како гаталка, а потоа го насликал младичот кој во едната рака држи меч, додека другата ѝ ја дава на Циганката за гатање.Domljan 1959, 577; Wilson-Smith 1998, 54.
Втората верзија на сликата која се наоѓа во Лувр прикажува нешто помлада, но посигурна Циганка во истата акција, во која жртва е млад и очигледно нерасипан младич, за кого, според некои мислења, како модел му послужил неговиот пријател, сликарот Лионело Спада Mariani 1960, 64, додека други сметаат дека то бил Марио Минити, исто така пријател на Караваџо и сликар по потекло од Сицилија.en.wiki / The Fortune Teller (Caravaggio) Третманот на светлото на париската верзија е нешто подраматичен и поприроден, поставката на фигурите попластична, боите поживи, а деталите на облеката побогати, па очигледно е прикажан со повеќе напори. Според некои мислења, втората верзија Караваџо ја насликал за кардиналот Дел Монте, откако заради сиромаштија прват му ја продал на маркизот Винченте Џустинијани за само 8 шкуди, кога ја напуштил работилницата Кавалиере д’Арпина (Џузепе Чезари), обидувајќи се да се осамостоиMariani 1960, 64; en.wiki / The Fortune Teller (Caravaggio), што му успеало десетина години подоцна.
Двете слики се одличен пример на Караваџовото „директно сликарство“, кое подразбира напуштање на традиционалната перспектива, композиција и неоптовареност со наследените правила за поставување на фигурите, размерите и осветлувањето Dalli Regoli 1970, 146, што на Караваџо му поаѓа од рака со зачудувачка леснотија и сигурност какви што се сретнуваат само кај најголемите гении на сликарството. мини|лево|150px|Лукас ван Лејден: Гатање, 24*30 cm, околу 1508. thumb|right|255px|Гаталка (втора верзија) на лицето на италијанска пара од 100.000 лира Двете верзии на Гаталка исто така се одличен пример на Караваџовата верност на природата и животот, која му донела слава, но и многу неприлики. Со својот личен иновативен пристап Караваџо го укинал вештачкиот, блазиран маниристички начин на сликање, вклучувајќи, по прв пат во италијанското сликарство, во репертоарот на претставителното сликарство улични призори „проститутки, Цигани и свирачи“Giorgi 1998, 40, кои ја шокирале тогашната публика, а по кои најчесто и денес е познат. Мотивот на гатање во сликарството бил познат и порано, на пример во холандското жанр-сликарствоЖанр-сликарството подразбира прикажување призори од секојдневниот живот, меѓутоа кои имаат скриено или прикриено значење, чија смисла лежи во духовноста на внимателниот гледач. (Prater & Bauer 1997) (Лукас ван Лејден), но никој претходно на тој вид сликарство не му дал важност која ја има кај Караваџо и неговите следбеници.
Галерија: „Гаталка“ и караваџистите Гаталка, како и Картаџиите, друга позната жанр-слика од Караваџо од околу 1594 година, извршила големо влијание на неговите бројни следбеници, караваџисти'', кои многу често и успешно ги толкувале оригиналите на Караваџо.
Наводи
Литература Dalli Regoli 1970 – Gigetta Dalli Regoli: Gatanje, u: Muzeju svijeta – Louvre, prijevod: Karmen Milačić, Zagreb, 1970., str. 144-146 Domjan 1959 – Žarko Domjan: Caravaggio, Enciklopedija likovnih umjetnosti, sv. I, Zagreb, 1959., 576-578 Giorgi 1998 – Rosa Giorgi: Caravaggio – izvanredna i uzvišena revolucija, prijevod: Morana Lače-Knežević, Zagreb, 1998., str. 40 Lambert 2007 – Gilles Lambert: Caravaggio, bez imena prevoditlja, Zagreb, [2007.], str. 42, 45, 48, 53, 93 Mariani 1960 – Valerio Mariani: Caravaggio, u: Encyclopedia of World Art, sv. III, New York – Toronto – London, 1960., st. 64, 65 Prater & Bauer 1997 – Andreas Prater, Hermann Bauer: Painting of the Baroque, prijevod: Ishbel Flett, Gisela Parker, Köln, 1997., str. 31 Wilson-Smith 1998 – Timothy Wilson-Smith: Caravaggio, London, 1998. str. 10, 13, 54 Wittkower 1982 – Rudolf Wittkower: Art and Architecture in Italy 1600 to 1750, New Heaven – London, 1982., str. 48
Категорија:Слики од Караваџо Категорија:Слики од 1590-тите Категорија:Слики во Лувр Категорија:Слики во Капитолските музеи