Хомер (грчки: Ὅμηρος Hómēros) — легендарен (или можеби митски) ран грчки поет и рапсодист традиционално славен како автор на големите грчки епови Илијада и Одисеја, комичниот мини-еп „Батрахомиомахија“ ("Војната на Жабецот и Глушецот"), корпусот Хомерови химни, и различни други изгубени или нецелосни дела како „Маргитес“. Неколку антички автори нему му го припишуваат целиот епски циклус, кој вклучува и натамошни поеми за Тројанската војна како и поемите за Едип и неговите синови.
Според традицијата, Хомер е слеп, и различни јонски градови се сметаат за негово родно место, но инаку неговата биографија е празна. Не се знае точно кога живеел. Херодот проценил дека Хомер живеел 400 години пред него, со што времето на Хомер го сместува околу 850 п.н.е.;Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, Скопје, 2006 г., стр. 212 додека други древни извори велат дека живеел во времето на Тројанската војна, на почеток на 12 век п.н.е.
Денес во науката „времето на Хомер“ или „Хомерово доба“ се нарекува периодот во кој се создадени еповите. Прифатено е дека „Илијада“ и „Одисеја“ се создадени околу 8 век п.н.е., односно „Одисеја“ неколку децении подоцна. Постојано се води дебата околу тоа дали истиот поет е автор и на „Илијада“ и „Одисеја“; а за останатите дела мнозинството се согласува дека се напишани подоцна.
Легендите за Хомер left|thumb|250px|Хомер и неговиот водач од Вилијам-Адолф Бугро (1825–1905). Сцена во која Хомер е на планината Ида, опколен со кучиња и воден од козарот Глаук. (Приказна раскажана во Псевдо-Херодот). Хомер е грчко име и иако ништо со сигурност не се знае за него, низ историјата се давани детали за неговиот живот и местото на раѓање. Луцијан, во неговата Вистинска историја, за него вели дека е Вавилонец со име Тигранес, кој го зел името Хомер откако бил одведен како заложник (хомерос) од страна на Грците.Lucian, Verae Historiae 2.20, cited and tr. Barbara Graziosi‚Inventing Homer: The Early Reception of Epic, Cambridge University Press, 2002 p. 127 Кога царот Хадријан го прашал пророчиштето во Делфи за Хомер, добил одговор дека Хомер е од Итака, син е на Епикаста и Телемах, ликови од Одисеја. Овие приказни биле вметнати во бројни верзииThere were seven in addition to an account of a bardic competition between Homer and Hesiod. F. Stoessl,'Homeros' in Der Kleine Pauly: Lexikon der Antike in fünf Bänden, Deutscher Taschenbuch Verlag, München 1979, Bd. 2, p. 1202 на животот на Хомер составени од времето на Александар па наваму. Најчесто се споменувало дека е роден во Јонија - регион во Мала Азија, во Смирна, или на островот Хиј, а дека умрел на островот Иос.Homêreôn was one of the names for a month in the calendar of Ios. H.G. Liddell, R. Scott, A Greek-English Lexicon, rev. ed. Sir Henry Stuart-Jones, Clarendon Press, Oxford, 1968 ad loc Поврзаноста со Смирна најверојатно е поради легендата во која се вели дека неговото првобитно име било Мелесигенес („роден крај реката Мелес“, река која тече крај градот Смирна), а дека мајка му била нимфата Кретеис. Од еповите многу јасно се гледа дека имал големи познавања за географијата на Мала Азија.Barry B. Powell, ‘Did Homer sing at Lefkandi?’, Electronic Antiquity, July 1993, Vol. 1, No. 2.
Постојат различни толкувања на името на поетот: според едни извори значи собирач, според други заложник, или оној кој следи; оној кој е натеран да следи, или според некои дијалекти слеп.P. Chantraine, dictionnaire étymologique de la langue grecque, Klincksieck, Paris, 1968, vol. 2 (3-4) p. 797 ad loc. Од овде произлегуваат приказните дека бил заробеник или дека бил слеп.H.G. Liddell, R. Scott, A Greek-English Lexicon, rev. ed. Sir Henry Stuart-Jones, Clarendon Press, Oxford, 1968 ad loc.Pseudo-Herodotus, Vita Homeri1.3 in Thomas W. Allen, Homeri Opera, Tomus V,(1912) 1946 p. 194. Cf. Lycophron, Alexandra, l.422 Дека Хомер бил слеп поет се споменува и во некои стихови од Химната за Аполон, третата од Хомерските химниHomeric Hymns 3:172-3 со кои Тукидид го потврдувал ова тврдење.Thucidides, The Peloponnesian War 3:104 Историчарот Ефор го застапувал истово гледиште, а постоело и тврдење дека името му доаѓа од ho mḕ horṓn (ὁ μὴ ὁρῶν: „тој кој не гледа“).
Многумина научници сметаат дека името на поетот значи „собирач“ или „тој што ги собира песните заедно“.Gregory Nagy, The Best of the Achaeans: Concepts of the Hero in Archaic Greek Poetry, Johns Hopkins University Press, Baltimore and London, 1979 p. 296-300 Според некои, „Хомер“ значи „оној што пее мелодии“ и танцува.Gilbert Murray, The Rise of the Greek Epic, ibid., p.Filippo Càssola (ed.) Inni Omerici, Mondadori, Milan, 1975 p. xxxiii Марчело Дуранте името Хомер го поврзува со епитетот на Зевс „бог на собирите“ и смета дека зад ова име стои архаичен збор за „повторно собирање“.Marcello Durante, 'II nome di Omero', in Rendiconti Accademia Lincei, XII, 1957 p. 94-111Marcello Durante, Sulla preistoria della tradizione poetica greca,Edizioni dell'Ateneo, Rome 1971 2 vols. vol. 2 p. 185-204, esp. pp. 194ff.
Хомер е опишан и како патувачки пејач.Хесиод, Дела и денови, 654-5; Martin P. Nilsson, Homer & Mycenae(12933) University of Pennsylvania Press, 1972 pp. 207ff. До нас доаѓа сликата за овој човек како за „слеп просјак пејач кој се дружел со неважни луѓе: чевлари, рибари, грнчари, морнари и со стари луѓе во пристанишни градови“.Joachim Latacz, Homer: His Art and His World, tr. James P. Holoka, University of Michigan Press, Ann Arbor 1996, p. 29 Од друга страна, пак, поемите ни даваат доказ за пејачи по дворовите на аристократијата.Barbara Graziosi, ibid. esp. p. 134
Дела кои му се припишуваат на Хомер Луѓето до шестиот и почетокот на петтиот век пред нашата ера под поимот „Хомер“ ја подразбирале „целата епска поезија во хексаметарски стихови“.<ref>Gilbert Murray, The Rise of the Greek Epic', 4th ed. ibid. p. 93</ref> Покрај Илијада и Одисеја на Хомер му се припишувале и многу други дела, вклучувајќи цел епски циклус. Овде се вклучени и други поеми за Тројанската војна, како Мала Илијада, Ностои, Киприја и Епигони, како и тебанските поеми за Едип и неговите синови. Меѓу другите дела, како целокупните Хомерски химни, комичниот мини-еп Батрахомјомахија („Војната меѓу жабите и глувците“) и Маргитес исто така му биле припишани нему, но денес се смета дека ова не може да е точно. Поемите Освојувањето на Ехалија и Фокаис биле исто така припишани на Хомер, но авторството на овие различни текстови е уште попроблематично.
Историчност на хомеровите епови и хомеровото општество лево|мини|Грција според Илијадата Научниците продолжуваат да дебатираат за прашања во однос на тоа дали Тројанската војна навистина се случила и ако е така, кога и каде - и до кој степен општеството прикажано од страна на Хомер е врз основа на неговото сопствено општество или на она кое дури и во времето на создавањето на песните било познато само како легенда. Хомеровите епови во голема мера се центрирани на истокот и центарот на Средоземното Море, со некои расфрлани наводи за Египет, Етиопија и други далечни земји, во воено општество кое наликувало на грчкиот свет пред хипотезираниот датум на создавањето на песните.
Според древната грчка хронологија, уништувањето на Троја беше датирано во 1184 година п.н.е.. Од XIX век постои голем научен скептицизам дека Троја или Тројанската војна воопшто постоеле, но во 1873 Хајнрих Шлиман објави на светот дека тој ги откри урнатините на хомеровата Троја во Хисарлик во модерна Турција. Некои современи научници сметаат дека уништувањето на Троја околу 1220 година п.н.е. е извор на митот за Тројанската војна, други сметаат дека поемата беше инспирирана од послични напади кои се случиле низ вековите.
Сепак, Хомер опишува обичаи кои не се карактеристични за секој историски период. На пример, неговите јунаци користеле бронзено оружје, покарактеристилно за бронзеното отколку за подоцнежното железно време во кое песните биле создадени; но сепак тие биле кремирани (пракса типична за железното време) наместо погребани (како што беше во бронзеното време).
Во Илијадата 10.260-265, Одисеј е опишан како носи шлем од заб на дива свиња. Вакви шлемови не биле носени во хомеровото време, но биле најчесто носени од аристократски војници помеѓу 1600 и 1150 година п.н.е.. Дешифрирањето на Линеарното писмо Б во 1950-тите од страна на Мајкл Вентрис и континуираната археолошка истрага го зголеми разбирањето на современите научници за егејската цивилизација, која во однос на многу нешта наликувала на древниот Близок Исток повеќе отколку на општеството што е опишано од страна на Хомер.
Хомеров јазик мини|Детали од Парнасот (насликан 1509-1510) од страна на Рафаел, прикажувајќи го Хомер како носи венец на слава на врвот на Планината Парнас, со Алигиери на неговата десна страна и Вергилиј на неговата лева страна Хомеровите епови се напишани на вештачки литературен јазик или 'Кунстспрахе' кој се користел само во епската хексаметарска поезија. Хомеровиот јазик покажува одлики на повеќе регионални грчки дијалекти и периоди, но е фундаментално врз основа на јонскиот, во согласност со традицијата според која Хомер бил од Јонија. Лингвистичката анализа укажува на тоа дека Илијадата беше составена малку пред Одисејата и дека хомеровата формула ги презервира постарите одлики за разлика од другите делови на песните.
Хомеров стил Хомеровите поеми биле составени во неримуван дактилски хексаметар; античкиот грчки метар се фокусираше на квантитетот наместо на нагласувањето. Хомер често користел сет од фрази како епитети ('лукав Одисеј', 'зора со розови прсти', 'Атена со очи на був' итн.), хомерова формула ('и потоа му/и одговори [нему/нејзе], 'Агамемнон, кралот на мажите', 'и почна тој/таа да зборува'), компарација, типични сцени, прстенски состав и повторување. Овие навики се карактеристични за оралната поезија. На пример, главните зборови на хомеровата реченица обично се поставени кон почетокот, додека писмените поети како Вергилиј или Милтон користат подолги и покомплицирани синтаксички структури. Хомер потоа ги проширува овие идеи во следните клаузули; оваа техника се нарекува паратаксис.
Таканаречените "типични сцени" (typischen Scenen), биле именувани од страна на Валтер Аренд во 1933 година. Тој истакна дека често кога Хомер опишувал често повторливи активности како што се јадењето, молењето, борењето и облекувањето, користел блокови на сет од фрази во низа, кои потоа биле елаборирани од страна на поетот. 'Аналитичарската' школа ги смета овие повторувања како нехомерични, а Аренд ги толкува философски. Пери и Лорд, истакнуваат дека овие конвенции постојат и во многу други култури.
"Прстенест состав" или чијастичка структура (кога некоја фраза или идеја се повторува како на почетокот така и на крајот од приказната, или серија на идеи кои прво се појавуваат во редоследот А, Б, В... потоа се претставуваат како ...В, Б, A) е забележана во хомеровите епови. Мислењето се разликува во однос на тоа дали овие појави се свесни уметнички техники, мнемонички техники или спонтана одлика на човековото раскажување.
И двете хомерови поеми започнуваат со повикувањето на Музата. Во Илијадата, поетот ја повикува за да пее за "гневот на Ахил", а во Одисејата тој побара од неа да пее за "човекот со многу начини". Сличен почеток подоцна беше користен и од страна на Вергилиј во неговата Енеида.
Текстуално пренесување мини|Читајќи го Хомер (1885), од Лоренс Алма-Тадема Усно пренесените хомерови песни биле запишани помеѓу 8 и 6 век пред нашата ера. Некои научници веруваат дека тие биле диктирани од самиот поет.
Други научници, како што се Григориј Наги сметаат дека, откако песните биле создадени во 8 век, тие биле усно пренесувани со мало отстапување сè додека тие не биле запишани во 6 век. По текстуализацијата, песните биле поделени во 24 рапсодии, денес наречени книги и означени со букви од грчката азбука. Овие поделби веројатно датираат од пред 200 година п.н.е. и е можно да биле направи од страна на Хомер.